Овој пат во конкуренција се најдоа и угледни писатели и анонимци, некои од првите и по втор пат. Но многу повеќе од нивните имиња, значајни се извадоците од нивните дела, кои го претставуваат најлошото во книжевниот секс. Ако има поука во ваква анти-награда, тоа е - гледајте како не треба.
„Почна диво да продира кон општиот правец на нејзината хризантема, но го промаши, па облото тело му трепереше од напор, додека и натаму остануваше тврд".
„И тој сврши. Неговиот ејакулат скокна на висина на нејзината рака. Осум експлозивни прскотници. Првата премногу висока за да ја излиже. Право на рамото."
„Сега големиот спортист беше во неа, внатре нејзиното пелвично седло, јаваше, јаваше, јаваше, а таа желно го голташе, голташе, голташе со крајчињата на седлото - сето тоа без зборови".
„Таа мириса на бадеми, како податен пудинг, а тој е лажичката, слатката павлака, беспомошниот топол шлаг".
Последнава гастрономска метафора можеби и не е така лоша, ама хризантемата и „општиот правец" дефинитивно ја заслужуваат наградата.
Критичарите веднаш се запрашаа каде ли е, што прави 50 нијанси сиво, но од Literary Review порачале дека во нивниот статут пишува дека не можат да номинираат цитати од „порнографска или еротска литература", туку само од белетристика. „Впрочем, ѝ треба ли на таа книга уште дополнителен публицитет?", рекол уредникот на списанието и еден од организаторите Џонатан Бекмен. Иако било очекувано, на списокот не се појавиле и извадоци од новиот роман на Џ. К. Роулинг, Casual Vacancy. Објаснувањето на Бекмен: „и покрај некој сомнителни места во книгата, сепак нејзиното пишување не е ни приближно доволно лошо" (каква конструкција..).
Лауреатот на Bad Sex Award ќе биде прогласен следниот месец на раскошна церемонија во Лондон. Чест е случајот (исто како и кај Златните малини, пародичниот филмски оскар), писателите-добитници да се појавуваат и да се зафркаваат на своја сметка. До сега, од 1993. од кога се доделува наградата, нејзини добитници биле славниот Норман Мајлер, Том Волф (номиниран и оваа година), Себастијан Фолкс и Џонатан Лител.
Повеќе за номинираните и извадоци тука.