Парче смрдливо сирење, брадавици, закани од атомски бомби, извесен Карун, ткива, жлезди и многу пот се овогодинешните врвови во лошите книжевни описи на сексот. Но само еден од нив ја доби престижната награда - Maнил Сури, за книгата „Градот Деви“.
Британското списание од областа на културата The Literary Review и оваа година ќе ја додели Bad Sex Award - наградата за најлошиот опис на секс во литературата.