Должината е важна

Колку може да се објасни во пет секунди?

Немате време за долги историски лекции и детали од биографиите на славните личности? Сакате сè да ви се објасни во два збора, или уште подобро, да ви се „нацрта“? Ова е книгата за вас. Ако таа ви е долга и сложена, има и видеа.

„Живот во пет секунди" зема 200 значајни светски настани, пронајдоци и славни личности, и ги сведува на сликички (пиктограми) за кои ви требаат пет секунди да ги погледнете и да сфатите за што станува збор.

Кинескиот и Берлинскиот ѕид, Бетовен, Банкси, Дедо Мраз, Елвис, Икеа..одбрани се така да се лесно препознатливи. Некои, како оние за Адам и Ева, или за Мохамед Али, се покомплицирани, но други пак се восхитувачки минималистички. Еве го за Алиса во земјата на чудата.

Сепак, пиктограмите стануваат дополнително атрактивни кога се претворени во кратки филмчиња, кои траат - 5 секунди. Споредете го овој за Битлси со филмчето на истата тема. Бонус: Худини и Мајкл Џексон. Ако ви изгледаат глупо, има објаснување. Прекратки се.

 

28 ноември 2012 - 08:28