ОСАМЕНОСТ
Самотијата е како дожд,
во самрак од морето се крева,
од котлините пусти и далечни надоаѓа,
оди кон небото,
на кои им е стара друшка,
и така од небото
по градовите се спушта.
Паѓа врз нас во оние мигови,
кога улиците се свртуваат кон зора,
кога телата што не нашле ништо
разочарано и тажно се превртуваат,
и кога двајца кои се мразат
мораат да делат кревет,
тогаш осаменоста потекува со реки.
Рајнер Марија Рилке