Bookbox

На вчерашниот прв ден од конференцијата „Наука за деца“ требаше да биде нели, за деца. Ама и на некои возрасни им се отворија очите од едно хемиско-етимолошко сознание.

Памела Хариман има навистина интересна биографија. Се смета за „најголемата куртизана на својата ера“, а децении по нејзината смрт за неа се уште има поделени мислења - дали била многу лукав играч на светската политичка сцена или само бесрамно алчна за пари и слава. Можеби двете?

Жената со џуџест раст што направила револуција во издаваштвото

Помислете на омилениот научно-фантастичен роман. Сигурно го знаете насловот и авторот. Но што е со уредникот или издавачот? Една жена се уште го нема добиено заслуженото признание за тоа што ги проширила границите на научната фантастика и на фантастиката воопшто, приближувајќи ги до нови читатели.

За што воопшто служат оние цитати на почетокот на книгите?

Би требало да сигнализираат нешто во врска со она што следи - инспирација, лично „вјерују“, можеби цитат кој заменува посвета за оној што разбира зошто тој е таму. Сето ова, и многу повеќе, е тема на постојани дискусии за тн. епиграфи во познатите книги. 

„Не остана ли ништо свето?“: спортскиот скандал што ја тресе Британија

Можеби мислите дека има врска со фудбал. Или со тенис, коњски трки, бокс. Не, оваа приказна за актуелна контроверзна победа на домашно првенство има врска со - челичен костен!

Почина Ханс Рудолф Гигер

Швајцарскиот надреалист почина на 74 години, по пад од скали. Беше претставник на таканаречениот „биомеханицистички" стил, и креатор на познатото чудовиште од филмот на Ридли Скот. Oна од кое некои од нас не можеа да спијат навечер.

512 - нов проект на Абрамовиќ во Лондон

Слично како и во „Уметникот е присутен“, и тука таа ќе биде затворена во галерија со денови, среќавајќи се со публиката. Но овој пат без предмети и електронски апарати, за комуникацијата да биде поинтимна. Ја замисливме во Музејот на националната борба, како се обидува да извлече солза од восочните фигури. 

Да им помогнеме да снимат краток филм во Македонија

Продуцентката е Македонка која неколку години живее во Франција. Режисерот е дечко од Тексас, и не е каубоец. Тие сакаат да снимат приказна која звучи баш фино, и да ја снимат во Скопје. Сега собираат пари за тоа да се случи.

Кончита и контроверзноста на женската брада

Во муабетите околу ликот и делото на Кончита Вурст сигурно имаше елементи и на хомофобија и на трансфобија. Но кога сè ќе се сведе, неговата/нејзината сексуалната ориентација и „вистинска" полова припадност всушност беа второстепени. И претходно имаше трансвестит на Евровизија, па никој не крена толкава џева. Целата разлика овој пат ја направи - брадата.

Колективно пишување сонет онлајн

Ако е точно дека мајмуни кои случајно типкаат на тастатура би можеле да го напишат целокупното творештво на Шекспир, доколку имате доволно банани за да ги храните додека не успеат во тоа, зошто луѓе на интернет не би можеле да состават сонет од 14 стихови за 14 недели? Едно списание покренува токму ваква акција.

Готвачки тренд - храна која раскажува приказна

При последното „Јадење книги" Трендо ни се закани дека догодина ќе ни направи контра-фестивал, „Читање храна", на кој луѓе ќе јадат и ќе споделуваат во кои приказни ги носи таа. Излегува дека тоа, колку и да звучи потешко изводливо, сепак се прави, а овој тренд си има и свое име - story food, или храна-приказна.

Зборовно порно

Oткако пишувавме за злоупотребата на зборот „порно" како опис на различни возбудливи човечки активности кои немаат директна врска со секс (од градинарство до храна), почнаа да ни пристигнуваат голем број други примери. Фосилно порно (не е тоа што мислите), гробно порно (исто така), фрактал порно...И меѓу нив - зборовно порно. 

Војнички сленг од Првата светска војна

Водич за потенцијални регрути во сојузничката војска од 1918, со речник на жаргон за различни видови оружја и ситуации во кои може да се најде еден војник. Некои од нив се навистина креативни. 

Книга што може да се пие

Сите оние кои мислат дека книгата како физички предмет е надмината работа, нека го погледнат ова - оваа не само што може да се чита и да пренесе важни информации кои можат да спасат нечиј живот, туку истовремено прочистува вода.

Расел Бренд за матурски испит во Британија

Ставови на Бренд за декриминализација на дрогата, твитови од славни личности, хип-хоп и контроверзни спортски мемоари се дел од предлог-пакетот реформи на завршниот испит по англиски јазик и литература за средношколци. Предложени од конзервативниот министер за образование. Што не е јасно тука?

Ружди малку се премисли за Твитер

На оваа социјална мрежа има премногу „вистиникавост“ - работи кои интуитивно делуваат како вистинити, но фактички не се. Толпата знае да те повлече и да се најдеш некаде каде не си мислел да појдеш. Плус те мразат ако пишуваш смешни стихови за Кардашијан. Со еден збор, на Ружди изгледа му досади од твитање.

Кој ја дефинира културата во дигитална доба?

Што ако имате добра идеја за уметнички проект, а не сакате, или не можете да добиете пари од институции? Одите на онлајн платформи и се обидувате да ја „продадете" вашата идеја за донација од неколку долари. Дали е ова дефиницијата на „културна демократија" која ја баравме? Една нова книга вели - не.

Новинарката од 19. век која го пропатува светот за 72 денa

Во 1887 американската новинарка Нели Блај направила да ја затворат во озлогласен азил за ментално болни, со што станала првата „новинарка под прикритие". Но нејзините авантури не застанале тука. Следело рекордно брзо пропатување низ светот, на кое го сретнала и Жил Верн.

Џек Керуак за потребата да се биде љубезен

Музика од Флојд и Кеш, точаци, мотори и патишта, придружени од мудри зборови на некој кој посакува до крајот на животот да прави палачинки крај печка на дрва. 

„Боксерот: вистинска приказна за Херцко Хафт“ од Рајнхард Клајст

Освежување на последниот Саем на книгата беше појавувањето на три графички романи на македонски - „Дон Кихот" и „Фауст" од германскиот цртач Фликс и „Боксерот" на Рајнхард Клајст. Првите два се интересни затоа што ги сместуваат славните класични ликови во современ контекст и со тоа ја акцентираат безвременската димензија на проблемите со кои тие се соочуваат.

Маалска кутија за размена на книги во Скопје

Се сеќавате ли на оние статии за малите слободни библиотеки, во кои можете да оставите книга а да си земете друга? Епа сега за тоа нема да мора да одите до Њујорк, туку ќе можете да го сторите и во Скопје.

Трагичната судбина на Штефан Цвајг

Австрискиот автор, чие дело го актуелизира Вес Андерсон во неговиот „Гранд хотел Будимпешта", во 1942 се самоубил заедно со неговата 30 години помлада жена. Една нова биографија сега се обидува да одговори на прашањето - зошто?

За злоупотребата на зборот „порно"

Кога нешто се нарекува „порно", при што не се мисли на буквален секс, треба да се биде многу внимателен. Затоа што додека за смерно настроените души тоа може да биде скандалозно, за оние другите тоа може да звучи крајно привлечно. Сетете се на ова кога следниот пат со крајно критички тон ќе ја опишете политичката ситуација во земјава како „порно".

Почина Боб Хоскинс

Еден од омилените британски актери почина на 71 година. Се повлече од јавниот живот во 2012, откако му беше дијагностициран Паркинс. Познат по боемштината, тој имаше богата кариера која траеше повеќе од 30 години.

Книжевен лексикон за идиоти

Urban Dictionary е сајт каде од 1999 се складирани над 7 милиони дефиниции на изрази од разговорниот јазик, генерирани од самите корисници. Често со сатирична, мрсна па и неточна содржина, тие знаат да бидат крајно симпатични. 

Сликичките што се мрдаат како посебен уметнички жанр

Ни крив ни должен, заради тоа што главно се користи за пародии и мачиња, овој формат на „компресирани фотографски фајлови" го нема добиено заслуженото внимание во уметничките кругови. Но најновата изложба во Лондон може да го промени тоа.

Jaпонски верзии на американски филмови

Вообичаено азиската кинематографија е извор за преработка на филмови во англиските говорни подрачја. Но понекогаш се случува обратното. И тогаш тоа од неразбирливи причини се нарекува „бизарно".

Документарец за цртачот на Хантер С. Томпсон

Најпознат како илустратор на книгите на Томпсон, Ралф Стедман има цртано сè, од политички карикатури до етикети за различни брендови вина и пива. Дури има напишано и либрето за опера. Британскиот уметник сега е тема на документарец чиј наратор е, кој друг ако не Џони Деп.

Заменети улоги

Краток расказ за ризикот од тоа да победи другата страна.