Историјата на холивудското „позајмување" од азиската кинематографија е долга: од „Седумината величествени", американски вестерн со Јул Бринер од 1960 кој е базиран на „Седумте самураи" на Куросава, или „Покојните" (The Departed) на Скорсезе базиран врз хонкгоншкиот трилер „Пеколни работи", па до најновата обработка на култниот јужнокорејски трилер „Олдбој" на Спајк Ли.
Но од време навреме на азиски филмски пазари се појавуваат обработки на американски филмови, а бидејќи се наменети на локалните пазари за нив ретко се дознава. Таков е најновиот, јапонски римејк на филмот „Споредни патишта" (Sideways) на Александар Пејн од 2009, во кој Пол Џиамати и Томас Хејден Чрч се возат низ калифорниските винарии и зборуваат за смислата на животот. Во традицијата на „појапончување" на американски зборови, филмот се вика „Саидовеизу".
Наместо само да ја пренесе приказната во јапонски контекст, и по винарии Мичио и Даисуке (јапонските Мајлс и Џек) да киснат по „сакеџирници" (или како и веќе да се викаат местата каде се произведува саке), филмот ги остава двата лика онаму кадешто и се во оригиналот, во Калифорнија. Даисуке се жени со Американка, и сака да прави класична ергенска журка во Вегас, но неговиот пријател, мрчаторот Мичио го убедува наместо тоа да одат по винарски визби. Така се обезбедува вистинска меѓу-културна мешавина, која многумина ја нарекуваат „бизарна", иако не разбираме точно зошто. Како тоа не е бизарно од самураи да направиш каубојци, а е бизарно двајца другари Јапонци да дегустираат вино низ Калифорнија?
Кога сме кај самураи-каубојци, еве една обратна ситуација - вверзија на „Непростено" на Клинт Иствуд на јапонскиот режисер Ли Санг-ил, во која шесторицата револвераши се заменети со самурајски мечувалци.
Ова е римејк на комедијата „Што сакаат жените" со Мел Гибсон.
А ова сигурно би го препознале и без најава - верзија на „Дух", во која Патрик Свејзи и Деми Мур имаат коси очи.