„Скора" е филм за една девојка, Македонка, која со нејзината пријателка Миша се обидува да пронајде на важните животни прашања, дури и ако тоа значи да се победи стравот од тоа дека на нив нема точен одговор. Таа чека со денови на едно напуштено место за одговорите сами да пристигнат. Тоа место е - аквадуктот во близина на Скопје.
Режисер на филмот е 22-годишниот Џејмс Ханикат, кој има дипломирано режија и кинематографија на Меѓународната филмска школа во Париз. Ова ќе биде негов прв филм по излегување од филмските клупи, а негов продуцент е Македонката Кристина Илиевска. Македонија како земја во која ќе се снима филмот е одбрана за низ нејзината култура „да се долови колективната човечност", но и заради една друга причина - во последно време во главниот град никнале бројни споменици, а тоа ептен легнува на темата на филмот, затоа што „кој може да чека подолго од статуа?“
Филмот би траел 9 минути, би се снимил за 4 дена, а за таа цел се потребни 2,750 евра. Во моментов се собрани 790, а до крајот на акцијата има уште 34 денови. Може да донирате ТУКА. Тие исто така замолуваат и доколку не сте во можност финансиски да ги поддржите да ја споделите информацијата за проектот. Па, ајде!
Еве ја нашата Кристина и режисерот.
Подетално за проектот тука