Големиот британски актер

Почина Боб Хоскинс

Еден од омилените британски актери почина на 71 година. Се повлече од јавниот живот во 2012, откако му беше дијагностициран Паркинс. Познат по боемштината, тој имаше богата кариера која траеше повеќе од 30 години.

Неговите позначајни улоги се во „Бразил", „Мона Лиза", „Сирени", „Кој го намести зајакот Роџер", „Хук", „Супер Марио“, а неговото последно актерско остварување е во „Снежана и ловецот" од 2012. За главната улога во „Мона Лиза" на Нил Џордан беше номиниран за Оскар, а за истата доби BAFTA и Златен глобус.

Хоскинс бил од сиромашно семејство - мајка му била воспитувачка во градинка и готвачка, татко му возач на камион и страсен комунист, а баба му Ромка од Германија. На 15 години тој го напушта училиштето и работи како портир и чистач на прозорци. Се запишал на курс за сметководител, но и тоа не му одело. На првата театарска аудиција дошол сосема случајно - додека во барот чекал негов пријател да заврши со сцената, некој му тутнал текст во рака и му рекол „ти си следниот". Добил улога и од тогаш снимил повеќе од педесет филмови, понекогаш работејќи дури и на шест годишно. Често го закачале за неговата физичка сличност со Дени де Вито, па се шегувал дека би го глумел во биографски филм за него.

Тој на неговите четири деца, меѓу кои и актерката Роза Хоскинс, им ги давал следниве 11 совети: смеј се, биди свој, биди раскалашен, не се секирај за мислењата на другите, налути се, што и да правиш пoчни како што треба, биди великодушен и љубезен, цени ја убавината и создавај спомени, не се земај премногу сериозно себеси, никогаш не се откажувај и сакај со целото срце.

Тука преглед на 9 од неговите најдобри филмски улоги.

30 април 2014 - 20:08