После нашите статии за вакви маалски библиотеки во повеќе од 2,000 места во Америка (тука и тука), и ветувањето дека ќе донесеме книги ако некој се нафати да го направи ова кај нас, на Фејсбук некој напиша дека почнал да работи на идејата.
Од тогаш помина една година, и некако подзаборавивме на целата работа. Ама девојките кои ги најавија кутиите, остварија. Уште не знаеме каде се наоѓаат (ни изгледа како некое мирно маало), но наскоро ќе ги наполниме и ќе ве известиме за свеченото отварање.
Засега само едно „јеее" и фала Ирена!