Не ги крадат книгите за да ги продаваат, не ги користат кутиите за потпала, не ги кршат од аздис - за жителите на дури 2,200 населби низ Америка овие сандачиња се само практичен начин да учествуваат во размената на литература. Последното е поставено во мај на Авенијата св. Марко во њујоршки Бруклин, а нејзиното поставување, исто како и на претходните, го организирале поединци потпомогнати од националната организација Little Free Library, која на сите заинтересирани им дава совети и логистичка поддршка. Од неа, за неколку стотини долари, можат да се купат и кутиите, но повеќето од нив се сепак направени самоделски.
Поставувањето не оди баш секогаш без проблеми - за оваа во Бруклин градските власти долго време не давале одобрение, и на крај кутијата е поставена на ризик. Иако повеќето од жителите од зградата пред која е лоцирана најпрвин биле загрижени „да не се создавале гужви", сега се задоволни, особено кога забележале дека маалските деца се заинтересирани, и ја користат за она за што е наменета. Така, бруклинчани наместо да се раководат од онаа со предвремено умрената коза на соседот, се натпреваруваат кој подобра книга ќе остави, и ќе испадне најголем фраер во населба.