Акција на списанието „Американ сколар“

Колективно пишување сонет онлајн

Ако е точно дека мајмуни кои случајно типкаат на тастатура би можеле да го напишат целокупното творештво на Шекспир, доколку имате доволно банани за да ги храните додека не успеат во тоа, зошто луѓе на интернет не би можеле да состават сонет од 14 стихови за 14 недели? Едно списание покренува токму ваква акција.

Списанието American Scholar почнува интересен проект - заедничко пишување сонет на интернет. Њујорк тајмс го спореди ова со приказната за мајмуните кои ако доволно долго типкаат на тастатура би можеле да ги напишат сите дела на Шекспир. Работата е што ова не е толку амбициозно, и затоа може да успее - потребни се само 14 реда.

„Следниот стих, молам" е проект на списанието кој го води поетот Дејвид Леман. Тој го нуди првиот кој гласи: „Кoлку е како затвор е мојата мала канцеларија" ("How like a prison is my cubicle"), а во следните 14 недели ќе ги бира следните стихови од предлозите на читателите. Притоа предност ќе имаат оние напишани во „шекспировски дух". Првите предлози веќе пристигнуваат, и се движат од меланхолични („Не можам ништо друго да правам освен да скролам, пишувам и кликам"), па до пооптимистични („Сепак времето минато тука ќе ми даде слобода").

Увезен од Италија, сонетот е најтрадиционалната англиска поетска форма. Во минатото во врска со него постоеле строги правила, а тој станал главен инструмент на романтичката поетика. И покрај различниот начин на распределба на четиринаесетте стихови во строфи, тој најчесто почнува со прашање и споредба, а во осмиот стих се случува некаков пресврт, со употреба на зборовите „но" или „сепак".

Првиот стих од „сонетот во изработка" е асоцијација на оној на Вилијам Вордсворт, кој почнува со „Калуѓерките не се секираат заради тесната соба на нивниот манастир" (Nuns Fret Not at Their Convent's Narrow Room), а е всушност мета-сонет за ограничувањата кои на поетите им ги наметнува оваа поетска форма. 

10 мај 2014 - 09:24