Иако сонетите на Шекспир главно се толкуваат како љубовни, и како такви се често цитирани на маици, плишани срциња и покани за свадби, има и такви кои се всушност остра критика на нехуманите времиња во кои владеат разорени морални и естетски вредности. Таков е 66-тиот, чија атмосфера можеби ќе ви се види позната.