Bookbox

На вчерашниот прв ден од конференцијата „Наука за деца“ требаше да биде нели, за деца. Ама и на некои возрасни им се отворија очите од едно хемиско-етимолошко сознание.

Памела Хариман има навистина интересна биографија. Се смета за „најголемата куртизана на својата ера“, а децении по нејзината смрт за неа се уште има поделени мислења - дали била многу лукав играч на светската политичка сцена или само бесрамно алчна за пари и слава. Можеби двете?

Жената со џуџест раст што направила револуција во издаваштвото

Помислете на омилениот научно-фантастичен роман. Сигурно го знаете насловот и авторот. Но што е со уредникот или издавачот? Една жена се уште го нема добиено заслуженото признание за тоа што ги проширила границите на научната фантастика и на фантастиката воопшто, приближувајќи ги до нови читатели.

За што воопшто служат оние цитати на почетокот на книгите?

Би требало да сигнализираат нешто во врска со она што следи - инспирација, лично „вјерују“, можеби цитат кој заменува посвета за оној што разбира зошто тој е таму. Сето ова, и многу повеќе, е тема на постојани дискусии за тн. епиграфи во познатите книги. 

„Не остана ли ништо свето?“: спортскиот скандал што ја тресе Британија

Можеби мислите дека има врска со фудбал. Или со тенис, коњски трки, бокс. Не, оваа приказна за актуелна контроверзна победа на домашно првенство има врска со - челичен костен!

Скулптура која изгледа како да се топи

Микеланџело или Челини би биле веројатно воодушевени од можноста со едноставна анимација да создадат илузија на движење на нивните скулптури. Ние веднаш ја замисливме онаа на Чакаларов, како во бавен галоп врти по тоа кружниот тек. 

Официјален водич за твитер сленг

Сигурно не е лесно да ти е работа да седиш на компјутер и да следиш твитови потенцијално опасни по безбедноста, суверенитетот и светскиот мир, а тие да се состојат од глупи акроними. Ама сега и за тоа има лек.

Човекот кој го измисли јазикот дотраки

Еве еден начин како да го преживеете периодот на неизвесност и празнина до петата сезона на серијата - на 7. октомври HBO во соработка со издавачката куќа Living Language ќе ја издаде книгата „Живиот јазик дотраки: конверзациски курс" од лингвистот Дејвид Петерсон.

Зошто Американците го викаат фудбалот „сокер"?

Популарното уверување е дека сокер е бизарен лингвистички пронајдок на Американците. Но тој, за чудо, е британски збор, кој сега самите Британци не го поднесуваат.

Џез пејачот со необично висок глас кој играше во „Твин пикс“

Препознатлив по речиси женскиот глас, тој ќе остане запаметен по неговата соработка со џез легенди како Чарлс Мингус, Лестер Јанг и Чарли Паркер, но и по оние со Лу Рид и Дејвид Линч. И по интересната животна приказна.

Како да познаеш германски шпион

Eден навидум обичен збор јасно покажува дали англискиот ви е мајчин. И истовремено ве прави смешни кога немате појма од германски, а треба да го изговорите на овој јазик. Потврдено со видеа и многу смеење.

Прва апликација во музејската збирка на МОМА

„Биофилија", термин кој Бјорк го позајми од славниот природонаучник Едвард О. Вилсон, не беше само име на нејзиниот албум од 2010, туку означуваше цел еден еколошки концепт, чии визионерски идеи почнуваат да се препознаваат на голема врата.

Писателот кој го дизајнираше фудбалскиот дрес на Бразил

Во чест на почетокот на фудбалското првенство, неодамна беше реиздадена книгата на Алекс Белос, Futebol, која се однесува на историјата и културата на бразилскиот фудбал. Едно поглавје е посветено на необичниот дизајнер на бразилскиот дрес.

Како ќе заврши историјата?

25 години по објавувањето на текстот кој стана основа на славната „Крајот на историјата и последниот човек", Франсис Фукујама сумира - шчо напрајфме, и шчо требит да најпрајме за однапред. Малку се правда, но не попушта. Теоретски, либералната демократија според него е сè уште без конкуренција.

Употребата на санскрит како политички чин

Најмалку дваесетина новоизбрани членови на индијскиот Парламент ги положија своите заклетви на санскрит. Зошто е тоа интересно? Затоа што никој од нив реално не го употребува јазикот во секојдневниот живот. Нешто како во вицот: „Зборува есперанто како да е таму роден".

Книгата на Вотерс за стопирањето низ Америка

На 3. јуни излезе долго најавуваната книга на славниот режисер, за неговите доживувања при стопирањето од Балтимор до Сан Франциско. Насловот не мора да значи дека не си поминал добро.

Бил Вотерсон се врати!

Доколку сте љубител на Калвин и Хобс и на неговиот автор знаете колку оваа вест е истовремено и необична и фантастична. По две децении Вотерсон прв пат објавува стрип, како гостин кај негов колега.

Ептен минималистички филмски постери

Кога е во прашање минимализмот, работата е колку далеку може да се оди, а пораката сепак да биде пренесена. После овие постери не знаеме што би можело да биде кажано повеќе. Пардон, помалку.

Крај на еден лингвистички експеримент

Минатата недела @everyword се огласи за последен пат. Во текот на последните седум години, преку 109,000 твитови, еден по еден беа постирани сите зборови во англискиот. Но дали еден ваков проект навистина може да заврши?

Јазикот ги чува границите?

Во новосадското јавно претпријатие „Информатика", во она што обично се нарекува државна фирма, вработените неодамна добиле леток со лингвистичка содржина, наменет за „патриотско" форсирање на она што авторите го сметаат за чист српски јазик. Следеше бура реакции.

Сатиричарот кој ги нервирал нацистите

Нацистите имале долг список на писатели „за отстрел", ама еден од нив особено ги вадел од такт: сатиричарoт Курт Тухолски. Под мотото „кого удрам не жалам", тој во своите комични песни и текстови мавал по националистите, милитаристите, но и лично по Хитлер, кого го нарекувал „малиот човек".

Koja e Бамби?

Кање Вест на неговата невеста за неодамнешната свадба ѝ подари портрет. На него таа е насликана одзади во провокативна поза, носејќи само тагна и Лобутин чевли, а насловот е „Совршена кучка". И неговата таинствена авторка повторно стана тема на муабет. 

Реплика од увото на Ван Гог изложено во музеј во Германија

Во напад на лудило или во несреќен случај, увото на Винсент настрадало во далечната 1888. Сега тоа е реинкарнирано, благодарејќи на интересна комбинација на наука, технологија и уметност.

Од што ослепел Џејмс Џојс?

Познато е дека Џојс поголемиот дел од животот страдал од лош вид, а при крајот бил речиси слеп. Во 1931 изјавил: „Го заслужувам ова заради моите бројни неморални однесувања". Оваа гатанка сега ја разрешува нова книга, напишана од професор на Харвард. 

Последниот Навахо кој го знаеше кодираниот јазик користен во Втората светска војна

Повеќе од две децении Честер Нез морал да молчи за неговата улога во развивањето на код за армијата на САД, кој Јапонците никако не можеле да го разбијат. Бил базиран врз неговиот мајчин навахо кого, парадоксално, не смеел да го зборува јавно во текот на неговото школување.

Екстремно читање заради читање

Иако звучи така, не се работи за читање додека паѓаш со падобран или на дно на океан. Си задаваш тешка читачка задача, ја остваруваш и потоа пишуваш книга за искуството низ кое си минал. Како и кај секој потфат, за да докажеш дека ти се може, но и дека читањето е интересна работа.

Книжевни бои за вашите ѕидови

Некои автори ја имаат таа вештина не само да создадат уверливи ликови и да нè вовлечат во нивната приказна, туку и да оживеат цел свет од мириси, вкусови и бои. За ова последново некој се потрудил да направи цел каталог, според кој може да си ги фарбате домашните ѕидови. 

Кога филмската симболика се прелева во реалноста

Имитациите на она што се случува во филмовите не завршува со фризурите или популарните бебешки имиња. Понекогаш филмовите кои зборуваат за некаква политичка побуна ги инспирираат оние од другата страна на платното да ја прифатат истата иконографија.

Кој сака да биде поет-милионер?

Шоу од типот на Поп идол или Икс фактор, во кое учесниците пишуваат и рецитираат своја поезија, а 70 милиони луѓе со невидена возбуда ја очекуваат следната епизода. Не е кромид, ова навистина постои.