Двајца писатели, Леана Шаптон и Бен Скот, „превеле" визуелизации од познати книжевни дела, создавајќи каталог од 84 бои. Тој е дел од текст под наслов „Прозно виолетова: примероци на бои соодветни за домот, направени врз основа на бои во литературата", објавен во 200-то издание на книжевното списание Paris Review.
Секоја нијанса од широката палета носи име базирано врз извадокот што ги инспирирал Шаптон и Скот. На пример, нијансата која се вика „Чевлите на Ана" е инспириран од пасус од „Дневникот на Ана Франк" во кој се вели:
„Секаде кадешто одам, нагоре или надолу, сите ми се восхитуваат на стапалата, кои се украсени со пар особено убав (за вакви времиња!) чевли. Миеп успеа да ги добие за 27,5 гулдени. Со антилоп со боја на бургундец комбиниран со кожа, и со средно високи потпетици. Се чувствувам како да сум на патерици, и изгледам уште повисока отколку што сум".
„Гослинг" пак е според Charlotte's Web (Мрежата на Шарлот) на Е. Б. Вајт:
„Кога првото пајче ја протна неговата сивкасто-зелена глава низ пердувите на гуската, и погледна наоколу, Шарлот го забележа тоа, и веднаш го објави".
Сите 84 нијанси тука и тука. Ако застанете со маусот на името на бојата се прикажува извадокот од кој е инспирирано. Фаворит ни се „Ништо“, и онаа според Апдајк.