Bookbox

На вчерашниот прв ден од конференцијата „Наука за деца“ требаше да биде нели, за деца. Ама и на некои возрасни им се отворија очите од едно хемиско-етимолошко сознание.

Памела Хариман има навистина интересна биографија. Се смета за „најголемата куртизана на својата ера“, а децении по нејзината смрт за неа се уште има поделени мислења - дали била многу лукав играч на светската политичка сцена или само бесрамно алчна за пари и слава. Можеби двете?

Жената со џуџест раст што направила револуција во издаваштвото

Помислете на омилениот научно-фантастичен роман. Сигурно го знаете насловот и авторот. Но што е со уредникот или издавачот? Една жена се уште го нема добиено заслуженото признание за тоа што ги проширила границите на научната фантастика и на фантастиката воопшто, приближувајќи ги до нови читатели.

За што воопшто служат оние цитати на почетокот на книгите?

Би требало да сигнализираат нешто во врска со она што следи - инспирација, лично „вјерују“, можеби цитат кој заменува посвета за оној што разбира зошто тој е таму. Сето ова, и многу повеќе, е тема на постојани дискусии за тн. епиграфи во познатите книги. 

„Не остана ли ништо свето?“: спортскиот скандал што ја тресе Британија

Можеби мислите дека има врска со фудбал. Или со тенис, коњски трки, бокс. Не, оваа приказна за актуелна контроверзна победа на домашно првенство има врска со - челичен костен!

Koга Маркес го виде Куросава

Симпатично е кога некој славен се потресува кога ќе сретне некој друг славен. Токму тоа се случило кога Маркес во Токио му направил интервју на Куросава, што прераснало во шестчасовен муабет. 

Нов фотографски жанр: егзобиотаника

Фотографирањето на икебани, букети и дрвја на земјата веќе станува банално. Сега му е мајката да качиш растенија во вселената, и таму да ги фотографираш. Ништо чудно во следна фаза вака да се прават матурски таблоа, со луѓе. 

Што правиш „зедниот“ викенд?

И во македонскиот „следниот" викенд понекогаш создава забуни - дали се мисли на овој или на оној по него. Но за разлика од нас кои се навикнуваме да живееме со нефункционални нешта, потчинувајќи им се наместо да ги менуваме, некој се сетил дека ако не постои збор за нешто, не е забрането да се измисли. И тоа и го сторил.

Во потрага по универзален ракопис

Производителот на славното пенкало (она проѕирното, со капаче) се обидува преку неговиот сајт да собере доволно ракописи за да создаде „универзален“ фонт. Секако, сè што се прогласува за универзално а е поврзано со културата, во себе содржи можни стапици. Но во случајов пораката може да биде баш корисна.

„Монти Пајтон (главно) во живо" (02 Арена, Лондон, 20. јули 2014)

„Кој ќе речеше пред 45 години дека денес ќе седиме тука и ќе настапуваме како Монти Пајтон" - вака Ерик Ајдл го отвори шоуто, кое беше десети настап на пајтоновци во арената О2 во Лондон ова лето, и (наводно) финален за вјек и вјеков.

„Девојчето и цигарата“ од Б. Дитертр

Романов сигурно ќе ви се допадне ако: сте пушач, НЕ сакате деца, и ги сметате реалните шоуа од типот на Големиот брат или Икс-фактор за дно на цивилизациското дно. Писателот со комплицирано презиме така ја доловува современата атмосфера на апсурдна репресија, што го замисливме Кафка како ја крева раката и му вели: „Да пукне!".

Барајќи ја Вивијан Маер

Документарен филм чија премиера во САД се случи во март оваа година, а во Британија токму денес (18.7), зборува за ликот и делото на една таинствена жена, која за време на животот направила повеќе од 150,000 фотографии за кои до скоро никој не знаел. Сега тие се вбројуваат во врвот на уличната фотографија.

„Луѓето од Њујорк“ или проект со човечки лик

Веројатно веќе сте чуле за проектот кој собра скоро осум милиони фанови на ФБ и кој низ фотографии ги раскажува личните приказни на жителите на Големото јаболко. Како и сите добри идеи, и оваа е многу едноставна, но крајно ефектна. Имаме и наш претставник, a веќе почнуваат да се појавуваат и скопски варијанти. 

Патентираните пронајдоци на Марлон Брандо

Славниот актер бил редовен читател на Scientific American, имал голем број креативни идеи, а некои од нив успеал и да ги патентира. На пример нов тип конги, кои лесно се затегнуваат. 

Јапонка уапсена заради „вагинално моделарство“

Мегуми Игараши, или Рокуденашико, е уапсена заради испраќање дигитален модел од нејзините гениталии на поддржувачите на нејзината уметност. Во истата онаа Јапонија која го измисли сексот со октоподи. 

Како изгледа кога целиот свет гледа фудбал?

Писател, дизајнер и уметник, како и илјадници твитерџии, се здружуваат во еден интересен проект - приказ на тоа како изгледа кога целиот свет гледа и емотивно доживува еден ист настан. Во овој случај финалето на Светското првенство во фудбал.

„Спрингстин и јас“ (2013)

Повеќето критики за филмот велат дека тој има смисла само ако сте фан на Шефот. Но ако само малку го проширите визирот, тој е славење на музиката воопшто, на нејзината моќ да ви влезе под кожа и да влијае врз вашиот живот, онака како што музиката на Брус повлијаела врз неговите фанови, кои се вистинските автори на филмот.

Жижек плагијатор?

Некои го мразат, а некои го обожаваат неговиот вечно размафтан и брзозборен стил со блага говорна маана. Но до сега никој го немаше обвинето за најголемиот грев во интелектуалните кругови - плагијаторство.

Поезијата на Памела Андерсон

Кога некој како Памела Андерсон ќе се обиде на полето на поетското творештво, тоа по дефиниција се дочекува со доза сарказам. Со сите усилби да не го следиме овој очекуван терк, епскава поема која истовремено зборува за зеленчук, мобилни и загубената уметност на сексот ја оценуваме како благо збунувачка.

Дарвин за и против бракот

Посветен на проучување на животинските видови, тој очигледно добро го познавал и човекот. И не му била туѓа една од вечните дилеми на ова суштество - да се жени, или не. Аргументите на Дарвин се малку чудни, но сосема разбирливи. 

Фонтот кој зборува во немите филмови

Реставрирањето на филм од 1916 било повод да се рекреира еден заборавен фонт, кој сега може да се користи и на телефони и таблети заради неговата читливост и ретро ефект. Плус потсетува на некои времиња кога без зборување било кажувано многу. 

Црква на новата улица „Џорџ Карлин"

Црквата Корпус Кристи на Менхетен, каде славниот комичар и писател одел на школо, а која беше честа мета на исмевање во неговите монолози, има нова адреса: улица Џорџ Карлин.

Koга спамот визуелно ќе оживее

Интересен проект на Кристина де Мидл, британска фотографка, која врз основа на текстовите на оние спам пораки во кои некој бара од вас пари или согласност за некаква чудна трансакција, се обидела да замисли како навистина би изгледале тие луѓе - фиктивни карактери - кога навистина би постоеле. 

Адвокатот (2013)

Филм на Ридли Скот со Мајкл Фасбендер, Пенелоп Круз, Камерон Дијаз, Бред Пит и Хавиер Бардем. Зарем може тука нешто да тргне наопаку? Епа може.

„Замисли“ е пола на Јоко

На сајтов многу сме ја хејтале, со добри причини. Замислете еднаш да ја пофалиме. А после замислете дека сите луѓе живеат во мир.

Нова приказна за возрасниот Хари Потер

Хари, Рон и Хермиона имаат по триесетина години, основале свои семејства и напредувале во волшебничката кариера. Лоша вест: во косата на Хари има и по некое бело влакно. А и бракот нешто не му штима. 

Книга рецепти на семејството Толстој

По речиси 150 години, прв пат е преведен и објавен готвачот со рецепти за јадењата кои секојдневно биле служени на асталот на Толстоеви. Едно е сигурно - иако на фотографиите делува многу слаб, вегетаријанецот Лео баш фино се хранел. 

Кога Колтрејн свири зборови

На снимањето на еден од најзначајните албуми во историјата на џезот, Џон Колтрејн ставил пред себе стихови од псалм кој го напишал самиот, и почнал да свири. Не ноти, туку самите зборови. 

Шведскиот Форест Гамп

Комедија базирана на бестселерот на Јонас Јонасон од 2009, сега претворен во еден од најскапите скандинавски филмови. Главен јунак: стогодишник кој на светот гледа не со сарказам, туку со благонаклона љубопитност и подготвеност за авантура. Звучи добро дури и за некој двојно помлад.