Можеби е обид за катарза (Памела тукушто го најави својот втор развод, од сопругот Рик Саломон), но оваа песна-река составена од 1,209 зборови е неразбирлива за остатокот од светот.
Во неа таа жали по „загубената уметност на сексот", „суровиот мирис на цвеќињата" (кој инаку повеќето поети би го опишале како пријатен), „загубената женска безбедност" која е таква заради мобилните телефони, како и по витештвото и елеганцијата на мажите. Потоа следи необјаснив дел во врска со немиени зеленчуци.
Песната е објавена на нејзината фб страница, каде може да ја прочитате во целост. Тука само мал дел:
Загубена сензуалност
суровиот мирис на портокалови цветови
Сакам да сум заљубена - но очекувањата
прават да е невозможно да си среќен
Сум се обидела...многу,
но можеби тоа не е во мода
Традиција..звучи толку романтично
Изгледа дека е надминат идеал
старовремско
не модерно.
Женската безбедност...загубена,
нема шанси.
Кодирани и преполни мобилни
компјутери
Нарачувањето секс онлајн
е како нарачување книга на Амазон
а чепкањето таму те јаде жив
...
Дали сите полудуваме
или само јас?
Или е од она немиеното на зеленчукот?