Во октомври 1990 Маркес седнал на муабет со Куросава во Токио, додека славниот режисер го снимал неговиот претпоследен филм Рапсодија во Август (во кој глуми Ричард Гир). Шестчасовното интервју излегло во Лос Ангелес Тајмс во 1991, а во него најсимпатични моменти се оние во кои Маркес се однесува кон режисерот како ентузијастичен обожавател. „Го имам гледaно Црвената брада шест пати во 20 години, и им зборував на моите деца секој ден за него дури него изгледаа. Тој не само што му е омилен на моето семејство, туку е и еден од моите фаворити во целата историја на филмот", изјавува тој во еден момент.
Маркес почнува со општо прашање за методологијата на пишувањето сценарија, но следи она логичното, околу адаптирањето на книжевни дела за филм, особено со оглед на тоа што Куросава во „Крвавиот престол" или „Ран" се докажал како врвен познавач на Шекспир.
Маркес: Не сакам овој разговор помеѓу пријатели да изгледа како интервју, но би сакал да знам како ги пишувате сценаријата. Прво, затоа што сум и самиот сценарист, а второ затоа што имате направено брилијантни адаптации на големи книжевни дела, а јас пак сум скептичен околу прилагодувања на моите сопствени дела за филм.
Куросава: Кoга имам оригинална идеја која сакам да ја преточам во сценарио, се затворам во хотел со хартија и молив. Во тој момент имам генерална идеја за заплетот, и знам отприлика како ќе заврши. Ако не знам со која сцена да почнам, само го следам текот на идеите кои доаѓаат природно. Не можам да објаснам баш убаво, но мислам дека сè почнува со неколку расштркани слики. Наспроти ова, познавам сценаристи тука во Јапонија кои најпрвин прават целосен преглед на сценариото, го организираат по сцени, и дури откако ќе го систематизираат заплетот почнуваат да пишуваат. Но не мислам дека ова е вистинскиот начин да се прави тоа, бидејќи ние не сме Бог.
Маркес: Дали вашиот метод беше интуитивен и кога го адаптиравте Шекспир или Горки (во „На дното" од 1957) или Достоевски („Идиот“, вториот филм на Куросава, од 1951)?
Куросава: Режисерите кои површно ги прават филмовите можеби не сфаќаат дека е многу тешко да пренесеш книжевни слики преку кинематографски слики. На пример, при адаптација на детективски роман еден млад режисер инсистираше дека одредено место кореспондира совршено со она во книгата. „Грешиш", му реков. „Проблемот е што ти веќе си го прочитал романот и знаеш дека некое тело е најдено до пругата. Но за луѓето кои ја немаат прочитано книгата местото не е воопшто посебно". Тој млад режисер беше обземен од магичната моќ на книжевноста без да сфати дека кинематографските слики мораат да бидат изразени на различен начин.
Кога почнуваат да зборуваат за новниот филм разговорот станува мрачен, затоа што тој се однесува на бомбардирањата во Хирошима и Нагасаки. Куросава (чиешто име патем значи „црно мочуриште“) на крајот вели дека „луѓето ќе станат похумани кога ќе сфатат дека постојат аспекти од реалноста кои не смеат да ги манипулираат" и додава - „но разговорот стана пресериозен, а не ми беше тоа намерата".
Целиот разговор транскрибиран во ЛА Тајмс тука
(извор: Оpen Culture)