Њујорк Тајмс ова го нарекува „иронија од карлинескни размери", меѓу другото и затоа што истата црква се спротивставуваше воопшто да постои улица со име на неверникот, откако се појави таква идеја пред три години.
Сега градските власти велат дека ова е и административна грешка, бидејќи улицата „Џорџ Карлин" (George Carlin Way) е еден блок подолга од предвиденото. Ова ќе биде исправено за неколку месеци, кога советот на градот ќе гласа за нова група имиња на улици. А можеби некој само имал смисол за хумор.
Карлин, кој почина во 2008, беше познат по неговите агресивни напади на религијата генерално, а особено на католичката. Иако бил роден во католичко семејство, никогаш не ја прифатил верата. А подоцна нетрпеливоста станала обострана.
Но градоначалникот на Њујорк Бил де Бласио ја даде својaта поддршка на оддавањето почит на Карлин, како „луциден и дрзок и чесен" глас кој се слушаше насекаде низ светот, и кој не се плашеше од контроверзи.
За да го разберете обемот на смешноста на целата приказна, извадок од неговиот монолог на тема „Религијата е срање".