Додека се игра осминафинале на УЕФА Лига на шампиони, да видиме како тоа изгледа во земјата на фудбалот. На улица со пехар, со медали, со озвучување, со деца на терен со играчите, со химната, со сè.
Црквата Корпус Кристи на Менхетен, каде славниот комичар и писател одел на школо, а која беше честа мета на исмевање во неговите монолози, има нова адреса: улица Џорџ Карлин.
500 литри еколошки нештетни бои фрлени на улиците на Берлинскиот Розенталер плац. И една фина слика која ја формираат автомобилите во движење. По нашите улици би имало и некое копито.
Oва на прв поглед ни изгледа ко експеримент од зоологија, кога некој (човек) ќе им остави на мајмунчиња тропалка или компјутер во кафезот па ги забележува нивните реакции.
Денес, 25.10, на седница на Градското собрание на Загреб, требаше да помине одлуката за Милан Младеновиќ (ЕКВ), инаку роден Загрепчанец, да добие улица во градот. Ама, тоа и не е баш така извесно како што изгледаше на прв поглед.
Леон Ледерман, добитникот на Нобелова за физика, на свои осумдесет и кусур си седнува на прометна улица во Њујорк и Чикаго и одговара на прашања на минувачите.