Процедурата е покрената пред неколку месеци, и таа, освен улица именувана по Младеновиќ предвидува и една во чест на Карло Метикош, кантавтор, некогашен сопруг на Јосипа Лисац. Притоа е земено предвид улиците да се нови, за граѓаните да не се доведуваат во ситуација да ги менуваат документите. Улицата на Младеновиќ е завршена околу 40 посто и кога ќе се пробие до крај ќе биде споена со улица која води до Сајмиштето.
Идејата е сите улици во тој дел од градот да носат имиња на заслужни музичари од поп, рок и џез културата, изјавил Марин Кнезовиќ, претседател на Одборот за именување на населби, улици и плоштади, додавајќи дека „не очекува никакви полемички тонови околу именувањето". Ама...
Пратениците на ХДЗ во Градското собрание сега бараат одложување на постапката за улицата на Младеновиќ, со објаснување дека ЕКВ „не била кој знае колку популарна", а дека самиот Милан имал „зависничко минато", читај: наркоманиште.
ХДЗ бара одложување за истиот предлог да се разгледа на 19. ноември, на тематската седница на Одборот за именување улици и населби, каде би требало да се дефинираат критериумите како и кој може да добие улица во Загреб.
Маргарета Маџериќ, претставник на ХДЗ, изјавила дека ставањето име на која и да е улица или населба е сериозна работа затоа што со тоа „на генерации и генерации може да им се испрати лоша порака". Таа смета дека токму затоа се брза со денешната седница, бидејќи Милан Младеновиќ, откако критериумите ќе се дефинираат низ соодветна постапка, ниту по еден не би можел да добие ни сокак, а камоли улица.
„Сакам да сум таму кајшто е лесно да се каже - добро е“ - навистина лоша порака за сите сегашни, и идни генерации.