
Се сеќавате на Иепе Рубин, холандскиот перформанс уметник, кој е истовремено и основач на шахо-боксот? Истиот тој и неговите пријатели во 2011 направиле интересен „герилски" проект - истуриле канти бои на секој агол на една прометна берлинска раскрсница, и снимале како автомобилите и велосипедите ја разнесуваат бојата во сите правци, формирајќи фина слика. Штета што веројатно ја однел првиот дожд.