Bookbox

Кога ќе се спомене средновековното банкарство, повеќето луѓе помислуваат на трговци, благородници или богати семејства. Но во средновековна Виена важна улога во финансискиот живот на градот имале и женските манастири. Во време кога модерни банки сè уште не постоеле, калуѓерките не само што управувале со значителни средства, туку и позајмувале пари, финансирале имотни трансакции и придонесувале за стабилноста на градската економија.

Без разлика дали се работи за натпревар во Англија, Аргентина, Германија или Бразил, едно нешто е заедничко за фудбалските навивачи ширум светот – шаловите. Денес тие се неизбежен дел од навивачката култура и симбол на припадност кон омилениот клуб. Но нивната историја не започнала како маркетиншки производ или навивачки реквизит. Напротив, првите фудбалски шалови имале многу попрактична намена – да ги заштитат навивачите од студот на британските зими.

Шон Пен ќе режира филм инспириран од нападот врз Капитол

Американскиот актер ќе режира нов филм посветен на настаните од 6 јануари 2021 година, кога приврзаници на Доналд Трамп насилно упаднаа во зградата на Конгресот во Вашингтон. Проектот, кој ќе го реализира во соработка со студиото Ворнер брос, е заснован на сценарио на Пен, а снимањето се очекува да започне во 2027 година.

Кога Европа се плашела од патлиџани

Денес без домати не може да се замисли европската софра - го има во салати, пици, тестенини. Но кога првпат пристигнал во Европа од Америка, наместо во чиниите, завршил во градините како украсно растение. Со векови многу Европејци верувале дека доматот е отровен, па дури и поврзан со вештерство и магија. Потребни биле речиси двеста години за ова црвено овошје да ја надмине својата лоша репутација и да стане едно од најомилените во европската кујна.

Бенд што свири тонови кои „не постојат“ стана светски хит

Необичен рок-дует од Канада стана вистинска интернет сензација со музика што звучи како да доаѓа од друга планета. Облечени во костими со точки и маски, членовите на групата „Анжин де Поатрин“ (Aнгина пекторис) привлекоа милиони гледачи на Јутјуб со звук што не се вклопува во традиционалните правила на западната музика. Нивниот успех не ги заинтересира само љубителите на музиката, туку и научниците, кои преку физиката и невронауката се обидуваат да објаснат зошто токму овие необични мелодии толку силно го привлекуваат вниманието на публиката.

Приказната за индиските улични продавачи на чај

„Чај вали" е име за луѓето кои на секое ќоше, и во секое населено место во Индија подготвуваат топол чај со млеко, кој ги освежува минувачите. Една фоторепортерка и еден новинар го документираат нивниот живот.

Контроверзен Музеј на маченици во Данска

Што мотивира некои луѓе да си го дадат животот за некаква кауза? Една изложба-перформанс посветена на оваа тема се обидува да даде одговор на ова прашање. Притоа во поставката, едни покрај други, ja вклучува Јованка Орлеанка и терористи од неодамнешни напади, чии рани сè уште зацелуваат.

Тестирањето како начин да се одљубиш од јазикот

„Јазикот е едноставен
тој е како дишење.
Излегуваме од матката подготвени за него...
Потоа доаѓа тестаторот.“ 

Подкаст со приказни за оние кои страдаат од несоница

Авторот на ова раскажувачко „шоу“, чии епизоди ги симнуваат 1,3 милиони луѓе месечно, има добар рецепт: неговите приказни балансираат на тенката граница помеѓу умерено интересни и крајно досадни. Таман за да ве заспијат. 

Ромео и Јулија со крај по избор

Со векови славната драма на Шекспир е симбол на трагичен крај на една љубов. Но нели би било фино кога приказната за Ромео и Јулија би можела да заврши на различни начини, од кои повеќето не трагични, туку откачени?

Смртта на точката

Една од најстарите форми на интерпункција добива нов семантички потенцијал - бидејќи не мора да ја има, нејзиното појавување во порака или на чет e знак дека работата е сериозна

Последниот ден на еден банкар

На вчерашниот повик за испраќање приказни од животот низ очи на различни професии (тука) добивме една од бивш банкар. Таа е повеќе авторефлексивна отколку што зборува за карактерот на луѓето кои се вмешани во неа, но сепак е една горчлива вистина за нашата реалност. Не мора да го гледате „99 куќи“ за тоа како заради невратени кредити се одзема имот во Америка. Оваа сторија е поблиску до дома. 

Зошто биле уништени мемоарите на Бајрон?

Животот на големиот поет е исполнет со мистерии, кои можеби ќе беа расчистени доколку беше сочувана неговата автобиографија. Но трojца негови најблиски пријатели одлучиле да ја уништат. Зошто?

Слики од животот низ очите на различни професии

Позната е изреката дека животот често знае да ја надмине фикцијата, нудејќи приказни кои не би можел да ги замисли ни ум од калибарот на еден Бароуз или Хантер Томпсон. Каде може да се најдат такви стории? Позборувајте со човек што „работи со луѓе". А ако токму вие сте еден од нив, ова е можност да ги споделите вашите.

Зошто патуваме?

Tекст на Сомерсет Мом, британски писател, еден од најдобро платените автори во 1930-тите. Неговите полухедонистички-полуетнографски мотиви за патувања ни се блиски, а притоа не мислиме на одмор преку агенција на Халкидики. Иако, зошто да не? И таму, пишувајќи на колена во некој чамец, можете да водите белешки за необичните луѓе кои сте ги сретнале, а кои не се вклопуваат во ниту еден вам познат тип. 

Ќе се снима филм за суфи поетот Руми, а него ќе го игра белец од Холивуд

Дејвид Франзони, авторот на сценариото за „Гладијатор" со Расел Кроу, и продуцентот Стивен Џоел Браун, изјавиле дека сакаат да го деконструираат стереотипното портретирање на исламските карактери во западната кинематографија. Како? Со тоа што Руми во нивниот иден проект ќе го игра - та-нааа - Леонардо ди Каприо!

Букмаркс - нов сајт кој препорачува книги врз основа на професионални критики

Кога е во прашање филм е лесно: одиш на imdb или на Rotten Tomatoes, пребаруваш по жанр или по кратка содржина, евентуално ги гледаш оценките, и одлучуваш кој филм да го гледаш. А каде да одиш за книги, а тоа да не биде Амазон?

Писателот од раниот 20 век што ја предвиде ерата на интернет

На денешен ден, 07.06, во 1970, починал Едвард Морган Форстер, британски автор на романи по кои се снимени славни филмови. Но еден негов помалку познат расказ зборува за феномен за за кого во негово време немало ни име. Денес го викаме - интернет.

Како спортските новинари коментираат удар во гениталии?

Една од помалку посакуваните повреди во спортот, особено оној машкиот, е ударот меѓу нозе. Ај што самиот спортист си има мака, туку и коментаторот треба да има однапред подготвен израз за да го опише она што се случило. Американците имаат развиен вокабулар за ваквите инциденти. Може е време до петок нашите да си спремаат пар поживописни џокери од оној кој се користи до сега.

Eгипетскиот сатиричар од 19 век кој поттикнал револуција

Денешните политички сатиричари често се однесуваат како овој жанр да почнува од нив, преставувајќи се како интелектуална авангарда. Она што тие го заборавиле, или пак воопшто не го знаат заради цензурираната историја, е дека храбри и луцидни луѓе кои се обидувале да го променат јавното мислење преку хумор имало и пред нив. 

Интернет е уметничко ремек-дело?

Сликите на Ван Гог или скулптурите на Микеланџело предизвикуваат восхит и чувство дека нивните автори допреле до нешто поголемо од нив. Истото тоа чувство би требало да го имаме кога сме на интернет, вели авторка на нова книга на оваа тема.

Прекинатото пријателство помеѓу Мухамед Али и Малком Икс

Вчера, 03.06, почина Мухамед Али, еден од најголемите спортисти на сите времиња. Нова книга го опишува неговиот однос со Малком Икс, и зошто тоа пријателство не се одржало.

Превод на Библијата со емоџи

Светото писмо е најпреведуваната книга во светот, а на таа листа преводи сега има верзија чија цел е да ја привлече „милениумската" генерација.

Писателите за и против Доналд Трамп

Ноам Чомски го нарече „посмртно ѕвоно за човечкиот вид". Стивен Кинг и уште 450 американски писатели потпишаа петиција против неговата кандидатура. Нo има и такви писатели кои велат дека, за арно или за лошо, тој до сега не направил ништо што е против принципите на демократијата.

Кога навистина било тешко да се докторира

Пред сто години во Париз се одржала необична церемонија. Извесен Пјер Морис Масон конечно ја добил посакуваната (и заслужена) докторска титула. Но за жал, постхумно, затоа што претходно загинал во рововите, борејќи се против непријателот. Toчно таму и ја пишувал тезата.

Поезија што може да се прочита само кога врне

Имаме луѓе во Бостон, па може да испитаме и разни верзии, на пример дали се појавуваат поинакви стихови ако асфалтот се полее со - боза.

Нов документарец на Херцог за луѓето кои се плашат од интернет

На Херцог, заради сиот досегашен кредит, но најмногу заради спокојниот глас и тешкиот германски акцент, однапред му веруваме, дури и кога би направил документарец за ланскиот снег. Но темава е сепак малку поинтересна.

Aндерграунд супер-клуб каде музиката го одредува менито

Додека студирал музика, Филип Гелб имал јак ментор: големиот џез музичар Сем Риверс. Познат по импровизирањето, тој во едно њујоршко студио често знаел да собере музичари, за заедно да „џемуваат". Сега и Гелб го прави тоа, ама го комбинира искуството со храна, инспирирана од свирката.

Напишана и втората книга која ќе се објави по 100 години

Маргарет Атвуд (патем, добитничка на Златниот венец во Струга оваа година) беше првата учесничка во проект, чија идеја е да се соберат 100 специјално напишани дела и истите да се објават по сто години. Неодамна е предаден и втор ракопис.