Илустрирана песна

Тестирањето како начин да се одљубиш од јазикот

„Јазикот е едноставен
тој е како дишење.
Излегуваме од матката подготвени за него...
Потоа доаѓа тестаторот.“ 

Дејвид Алмонд, познат британски автор на книги за деца, добитник на престижната меѓународна награда за овој вид литература Ханс Кристијан Андерсен, можеби изнервиран што неговото дете треба да мине низ некакво глупо тестирање, напишал песна на оваа тема. Таа ја опишува чудесноста на јазикот, но и опасноста од тоа децата да се одљубат од него, доколку тој прерано им се претстави како куп дефиниции, збир на точни и погрешни одговори.

„Загрижен сум во врска со стандардизираните тестови", изјавил Ридел. „Мислам дека тие ја сметаат креативноста за нешто вон наставната програма, а не за нешто што е дел од неа. Културата на тестирање на толку рана возраст создава многу непотребна тензија и проблеми, како за наставниците, така и за учениците".

Звучи познато?

Неговата песна, илустрирана и објавена на блогот на илустраторот Крис Ридел, вели:

„Јазикот е едноставен
тој е како дишење.
Излегуваме од матката подготвени за него.
Почнува со телото и со здивот,
со близината и љубовта на другите.
Гугаме, брм’каме, се смешкаме, воздивнуваме, плачеме...
сето тоа е природно, спонтано,
креативно, уметничко.
Нo потоа доаѓа тестаторот,
премногу премногу рано
доаѓа смртоносниот тестатор.
Ни вели дека има јазик за јазикот
којшто треба да го научиме
Ни вели дека тој ги знае тајните за јазикот
кој ние не ги знаеме,
и дека е подобро да ги научиме бргу
и да му покажеме дека ги знаеме.
Ни вели дека ако не кажеме како точно
го користиме ова нешто наречено јазик
нема да успееме.
Така се одљубуваме од него,
од нашата љубов кон јазикот,
нашата љубов кон себеси".

 

14 јуни 2016 - 09:35