Црна судбина на црната дамка на хартија или на монитор предвидува Дејвид Кристал, кој има напишано повеќе од сто книги поврзани со јазични прашања, и е некогашен консултант за оригинален изговор во шекспировиот театар Глоуб во Лондон
Причината за сè почестото изземање на точката во СМС пораки и на социјалните мрежи е производ на „стакато" реченици ослободени од интерпункција, кои се фаворизирани од милениумската генерација, тренд што полека се шири и кон повозрасните
„Живееме во пресвртен момент во историјата на точката", вели Кристал, кој е почесен професор по лингвистика на Универзитетот во Велс
Дури и кога ја има, точката се користи повеќе како алатка за покажување иронија, неискреност, па дури и агресија
Ако одговориш со „Добро." на некоја порака, тоа веројатно значи дека си лут, а „Добро", без точка, се сфаќа понеутрално
„Точката сега има емоционален багаж, таа стана некој вид емотикон", вели Кристал, „и е последица на 1990-тите, кога интернет создаде етос на лингвистичка слободна љубов, односно кршење на правилата, па играњето со интерпункција беше еден од начините да се експериментира"
Социјалните медиуми само го интензивираа тоа чувство на ослободување
Така, точката добива нов семантички потенцијал - кога веќе не мора да ја има, па дури и е оптоварување (особено на Твитер каде се кубури со број на знаци), нејзиното присуство не е случајно
Бидејќи веројатно сосема нормално ви течеше читањето на овој текст и без точки, сега се поставува прашањето - кој е следниот интерпукциски знак на листата за „отстрел"?
Во ерата на мултиплицирани извичници, одамна заборавена точка-запирка и сè помалубројните запирки, најзбунувачко би било ако исчезне - прашалникот
Извор: Њујорк Тајмс