Според митот, Хермес, најлукавиот од боговите, ја користел неговата вештина на раскажување за да го успие чудовиштето Аргус. Оние кои страдаат од несоница денес често се советувани да читаат телефонски именик или да бројат овци во кревет. Но за жал ваквите техники изгледа се бескорисни. Според едно истражување на Универзитетот Оксфорд, групата која броела овци не заспивала побрзо од другата, контролна група. Она што им треба на оние кои се борат да заспијат е нешто што истовремено ќе им го одвлече вниманието од паниката дека не ги фаќа сон, но истовремено нема да биде и кој знае колку стимулативно. Идеалната приказна за добра ноќ оттаму е онаа која нема кулминација, туку тече како паралелна серија стории кои на крајот не се поврзуваат.
Дру Акерман, домаќин на популарниот подкаст „Спиј со мене", не само што го знае ова, туку и го применува. Во три епизоди со траење од 1-2 часа кои ги објавува секоја недела тој самиот чита вакви приказни, кои личат на лавиринт. Една од нив е за пиратка по име Лејди Вичбирд, а друга има наслов „Игра на дронови". Но без оглед на содржината и ликовите, сите имаат толку многу детали што наративните „нитки" во нив се споредуваат со купчиња заплеткана волница.
Минатата година секоја од овие епизоди биле симнати дури 1,3 милиони пати, а шоуто е едно од топ 50-те подкасти на iTunes. Самиот Акерман ја нарекува емисијата „она што го слушаат овците кога ќе се уморат од броењето на самите себе". Неговата популарност секако се должи на тоа што неговите слушатели НАВИСТИНА заспиваат слушајќи ги неговите наративни тантри, кои се „умерено интересни", односно токму такви какви што треба за човек да потоне во сон.
Поттикот на авторот бил фактот што тој самиот се борел со инсомнија уште од дете. Еве како звучи тоа - не толку секси како гласот на Томи од Пики Блајдерс за да ве раздразни, но и не ни толку досадно за самата досада да ве вознемири.