Таг: подкаст

„Во другите улоги“ - патување на крајот на филмската шпица

Има така облачни денови кога нè огрева зрак сонце од тотално банално, но крајно откачено откритие. На пример, дека постои книга со 3000 кастинг кредити на кои вообичаено никој не им обрнува внимание, скриени некаде на крајот од филмските шпици.

Британска подкастерка која си купи вевчански пасош (и направи епизода за тоа)

Во нашата љубопитност да пребаруваме интересни и нови подкасти на различни теми наидовме на еден кој нè заинтригира со самиот наслов. Се вика „Не го пиј млекото!“ и е посветен на историјата на секојдневните нешта. Првата, значи најпрвата епизода, е за Вевчани и неговиот пасош, како и на историјата на пасошите воопшто.

Фатете се за слушалки!: 20 години од првиот подкаст

Јуни 2003 е забележан како датумот кога бил објавен првиот аудио подкаст. Од тогаш овој медиум на безброј начини го има потврдено своето место во медиумскиот простор. Кај нас тој се уште главно се сведува на интервјуа (со видео) или на долги монолози на теми кои се на невладината агенда на продуцентот. А сè што е потребно се лаптоп и микрофон. Добро, и другар што ќе монтира. 

Новинарот кој доби понуда која не можеше да ја одбие

„Молецот“ (The Moth) е подкаст на кој познати и помалку познати луѓе споделуваат свои приказни пред публика во живо. Во пресмешна епизода, новинарот А. Џ. Џејкобс раскажува за една своја работна задача, поради која се нашол гол на страниците на списанието за коешто пишувал.

Стив Џобс на подкаст кај Џо Роган

Звучи неизводливо затоа што и е неизводливо, ама не и невозможно. Се работи за добро увежбана вештачка интелигенција која „преслушала“ илјадници часови епизоди од подкастот на Роган и од говори на Џобс, и двете ги споила во сосема пристојно парче муабет како за вештачка интелигенција.

Жртва или саможртва?: кога група мажи биле прегладнувани за научни цели

Во текот на Втората светска војна, млади американски мажи кои не сакале да носат оружје поради верски причини биле повикани да волонтираат за медицинско истражување. Чувствувајќи дека на тој начин сепак ќе го вратат својот долг кон нацијата, тие се пријавиле во нешто кое ќе ги доведе до работ на преживувањето и ќе поттикне дискусии околу тоа дали експериментирањето врз луѓе е секогаш неетично.

Подкаст како опера и мјузикл: неверојатната креативност на еден медиум

Одамна ни се немаше случено нешто да нè помрдне до толку да помислиме дека раскажувањето приказни има уште што да понуди во смисла на мултимедијалност и шареноликост. Покрај сите дигитални технологии, анимации, вакви и онакви ефекти,  излезе дека е доволно да сакаш само малку да си поиграш, излегувајќи од удобната зона на она што го познаваш.

Татата-татата: приказната за една музика за чекање

„Чекачка музика“ е онаа што ја пуштаат на линиите на кои обично се јавуваме со жалба, поплака или прашање, и која нè нервира бидејќи колку повеќе трае, толку повеќе губиме од скапоценото време. Еден човек се з’гнал да дознае која е мелодијата што постојано ја слушал кога се јавувал по лекари.

Вистинската приказна за „г-дин Извинување“

Се викал Алан Бриџ и водел „жешка“ телефонска линија за луѓе кои сакаат да се извинат за своите престапи, грешки и гревови. Нов подкаст во шест продолженија ја раскажува приказната.

Експедицијата Балмис: бродот со сирачиња кој ја пренел вакцината за големи сипаници во Новиот свет

Нашиот текст за „бележењето“ од сипаници кое го вршел Коста Цепенков предизвика бројни реакции и коментари. Сепак, за нас најинтересен беше податокот кој го дознавме од проф. д-р Никола Пановски, за случај кој за чудо е недоволно познат во историјата на медицината - пренесувањето на вакцината од Европа во шпанските колонии преку жив човечки синџир на почетокот на 19 век.

„Тапаните на Купидон“: кратка историја на прслукот

Годината која изминува ни помина во знакот на слушањето подкасти и правењето сопствен. Помеѓу најинтересните до кои дојдовме се издвојува еден на историски теми. Ама не онаква историја на „серење мермер“ (цитат од филмот „Амадеус“), туку таква која открива суптилни и често скришни аспекти на животот на обичните луѓе во минатото.

Најголемиот вакцинатор на светот за кого никогаш не сте слушнале

Обожавал кокошки, немал влакна на јазикот и комплетно ја променил историјата на здравството. Неговата приказна треба да послужи како инспирација за моменталниот глобален напор за создавање ефикасна и достапна вакцина за ковид-19.

Професорката од Уганда која користи радикални навреди како форма на активизам

Стела Нјанзи предавала на елитен универзитет, но во длабоко конзервативната Уганда одбрала малку незгодна тема за проучување - хомосексуалност. Притисоците кои ги трпела од неа направиле необичен вид активист, кој ја црпи силата од немилосрдна дрскост.

Тестаментот кој поттикнал натпревар во раѓање бебиња

На 31 октомври 1926 починал познат адвокат од Торонто. Кога по некое време бил отворен тестаментот, тој содржел неколку шеговити ставки. Меѓу нив една која се покажала крајно бизарна, и крајно несмешна.

Катаплексија: кога луѓе паѓаат во несвест од среќа

Филм со ироничен наслов „Ода на радоста“ е направен врз основа на вистинска приказна за човек кој не смее да си дозволи да се израдува. 

„Обични луѓе“: нов аудио подкаст за вистински приказни на македонски

После стотици ислушани аудио подкасти на различни јазици, се прашавме - зошто нивниот број на македонски е толку мал? Зарем немаме и ние нешто да раскажеме? 

Приказната за поп-песната која исчезнала од лицето на земјата

Знаете она кога не ви текнува на име на актер, или наслов на книга, или име на песна? Лесно е, внесувате нешто асоцирано со нив во Гугл и обично машината ви го исфрла резултатот. Обично. 

Жената која може да намириса болест, буквално

Пред 37 години, Џој Милне, медицинска сестра од Шкотска, забележала необичен, тежок мирис кој доаѓа од нејзиниот сопруг, Лес. Ова било сигнал за еден нејзин необичен талент.

Дали зборувањето на некои јазици претставува поголем ризик за Ковид-19?

Вообичаено сметаме дека маските за уста се заштита од кашлање и кивање. Но вирусот може да се пренесе и преку зборување. Притоа некои јазици, заради својата фонетика, се наводно потенцијално подобри „канали“ за пренесување на заразата отколку други.

Што е тоа „разумен“ полицаец?

Ако поранешниот полицаец Дерек Шовин излезе на суд поради смртта на Џорџ Флојд, која предизвика бројни протести и насилни немири, над судењето ќе виси сенката на еден контроверзен американски правен принцип - стандардот на „разумната“ реакција на оној кој го одржува редот и го спроведува законот.

Исчезнатата криптокралица: приказната за Бугарката Ружа Игнатова

Во 2016 биткоин - првата и до сега најпознатата криптовалута воспоставена далечната 2009 - почнала да привлекува внимание, поради подемот на нејзината вредност. Сепак, криптовалутите како концепт сè уште не биле доволно познати. OneCoin, ветувала Ружа Игнатова пред полни стадиони, требало да го потисне својот главен ривал, и да стане најсилната криптовалута на светот.  Потоа исчезнала.

Koja реченица би требало да им се остави во аманет на следните генерации во случај на катаклизма?

Еден ден во 1961, ваква дилема пред студентите поставил славниот физичар (и свирач на удирачки инструменти) Ричард Фајнман.

Виролозите кои докажаа дека не се луди

Во втората половина на 20 век, група научници се опседнале со необично семејство вируси за коишто сметале дека предизвикуваат рак. Но нивните колеги ги одбегнувале како да се нетокму.