Малку е необично после толку долга историја на радиото, дури оваа, 2020-та, да се воведува Пулицер за аудио новинарство, категорија која вклучува радио програми и подкасти. Погледнато од добрата страна, ова е големо признание за авторите и продуцентите на подкасти, но и поттик за оние кои допрва мислат да се занимаваат со овој жанр. Ние, признаваме, се навлековме.