На сајтот Popular Science постои интересен, бесплатен подкаст, „Најудното нешто што го научив оваа недела“ (The Weirdest Thing I learned This Week). Авторите и уредниците на спомнатиот сајт, трагајќи по теми од различни области, често наидувале на необични и смешни нешта поврзани со науката, па се одлучиле ним да им доделат посебна емисија.
Eдна од епизодите му е посветена на Санторио Санторио, венецијански физиолог, лекар и професор, кој се смета за татко на модерното квантитативно експериментирање во медицината. Познат е и како пронаоѓач на неколку медицински направи, како термометарот, или направа која тој ја нарекол „трокар“ (не е исто со денешниот хируршки трокар), за отстранување на камења во бубрег.
Врз принципите на „невидливото потење на телото“, претходно познато на Гален и на други древни медицинари, тој го започнал истражувањето на метаболизмот. И тоа пред сè на сопствениот. Имено, триесет години користел столица која истовремено претставувала и вага, за да се мери себеси и сето она што го јадел и го пиел, а ја мерел и сопствената голема и мала нужда. Со споредба на тежината на она што го јадел и изметот, тој бил во состојба да пресмета колку од внесената храна и пијалок се искористува од организмот а што е „отпад“ - на секои 3,6 килограми храна се исфрлале во просек по 1,3 килограми непотребни материи.
Да живеел во 21 век, Санторио Санторио веројатно би се занимавал со фитнес апликации и броење на чекори или истрчани километри. Или можеби повторно би си седел на столицата, мерејќи колку троши дури и кога само јаде и дреме.
Целата епизода (36 мин.) тука