Bookbox

Памела Хариман има навистина интересна биографија. Се смета за „најголемата куртизана на својата ера“, а децении по нејзината смрт за неа се уште има поделени мислења - дали била многу лукав играч на светската политичка сцена или само бесрамно алчна за пари и слава. Можеби двете?

Се викале Виктори Вертикал и биле пијана произведени од Стенвеј специјално за американската армија. Имале и посебна, транспортна кутија која ги штитела од оштетувања. Целта била преку музика да се крева моралот на војската, и во тоа овие инструменти сигурно помогнале. 

За што воопшто служат оние цитати на почетокот на книгите?

Би требало да сигнализираат нешто во врска со она што следи - инспирација, лично „вјерују“, можеби цитат кој заменува посвета за оној што разбира зошто тој е таму. Сето ова, и многу повеќе, е тема на постојани дискусии за тн. епиграфи во познатите книги. 

„Не остана ли ништо свето?“: спортскиот скандал што ја тресе Британија

Можеби мислите дека има врска со фудбал. Или со тенис, коњски трки, бокс. Не, оваа приказна за актуелна контроверзна победа на домашно првенство има врска со - челичен костен!

Дали конечно ќе ги слушнеме предупредувањата од гласна музика?

Како што глобално расте бројот на случаи на тинитус (зуење во ушите), така стануваат сè популарни затки за уши, како и барањата за стишување на музиката на јавни настапи. ПА НЕ МОРА СÈ ДА Е ГЛАСНО!

Документарец на Скорсезе за New York Review of Books

Во 1960-тите едно списание решило да го менува културниот пејсаж во Америка, објавувајќи долги, тешки и бескомпромисни текстови, кои поттикнале и промовирале голем број денес култни автори. Документарец режиран од Скорсезе чија премиера се очекува следниов викенд (4-5.10) ја раскажува неговата 50-годишна историја. Сепак, не е исто да правиш филм за рок бенд и за книжевно списание. 

Ономатопеи на различни јазици

Брммм, пињау, трес, пау, мјау! Веројатно е тешко да се замисли дека во некои други јазици овие извици можат да звучат некако поинаку. Па сепак, тоа е така. Еден дизајнер ги собира и многу добро ги илустрира.

„Во дивината" (2007)

Напишана и режирана од Шон Пен по книга на писателот и планинар Џон Кракауер, ова е вистинска приказна за момче кое одлучува да се одметне, живеејќи во дивините на Аљаска. Филм за сите оние кои некогаш помислиле да ги „снема", ја читале „Валден" и ја сакаат музиката на Еди Ведер.

Шведски научници со години вметнувале цитати од Дилан во статии

Пет шведски професори и истражувачи признаа дека го цитирале Дилан во стручни статии. И дека се натпреваруваат меѓу себе кој ќе успее да протурка повеќе од нив пред пензија.

Навредувај како Шекспир

Кога умееш со зборови, те бива и да кажеш „те сакам" на сто начини, но и да отераш на толку софистициран начин што некој може да помисли дека му дaваш комплимент. Шекспир бил махер за ова.

Песноцетамол наместо лексилиум

Комбинирајќи терапија, театар и забава, Поетесата за итни ситуации нуди консултации во нејзиното амбулантно возило и препишува стихови како лек. Истото го правиме и ние, нудејќи ви ја денешната доза, која се зема на гладно срце, со чај. 

Предмети кои потсетуваат дека не ви се потребни+апдејт

Елиот Спелман на Кикстартер се обидува да потегне производство на многу интересни не-производи - буквални репрезентации на идиоми, стилски фигури и поговорки. Пример? Камен, хартија, ножички. Дрвја кои кога паѓаат во шума нема кој да ги чуе. Сендвич со сè. Предлог за наши дизајнери да пробаат со материјализирање на локални концепти како „промаја“ или етички дилеми познати како „змија/магаре“. 

Детска сликовница без слики

Како покрај сите оние 3-Д сликовници кои се натпреваруваат во тоа која повеќе ќе блеска, свири и шушка да ги вратиш децата кон убавиот, смешен и интересен пишуван збор? Напиши книга за нив без слики. Ако функционира, продолжи со порно списанија за возрасни во кои ќе има само текст. И да пропаднеш, колку-толку ќе бидеш концептуален. 

FOMO и неговиот антидот JOMO

Веројатно страдате од него, иако не знаете како се вика, и никогаш не сте застанале за да размислите во што се состои вашата секојдневна нервоза. FOМO или СОТНДП (страв од тоа нешто да пропуштиш) е форма на социјална анксиозност, предизвикана од модерните технологии. Знаете за што зборуваме, нели?

Eротска поезија од критики за Ајфон 6

Нешто што денес е нов производ ќе дојде и ќе пројде, а после него на ѓубриштето на историјата ќе останат нему посветените критики и коментари. Најдобар начин да се овековечат - да се преточат во еротска поезија. Која на моменти се граничи со метафизика.

Вистинската приказна за девојчето грабнато од Индијанци

Во 1851 едно 14-годишно девојче било заробено и со години живеело со домородни Индијанци во денешна Аризона. За тоа се дознало многу подоцна, кога еден свештеник напишал книга за случајот, која во тоа време се продала во тираж од неверојатни 30.000 копии.

Шопен каков што не сте чуле до сега

Чед Лосон (Chad Lawson), музичар со класично образование но и со јака џез биографија, објави нов албум. Насловот е „Варијации на Шопен" и содржи 10 дела кои звучат необично дури и ако само малку ја познавате музиката на славниот композитор.

Џезерот Џеф Голдблум

Има некоја чудна врска помеѓу џезот и актерите. Клинт Иствуд, Вуди Ален, Хју Лори, се само некои од оние кои освен пред камера се добри и со инструмент. Она што не е многу познато е дека во тоа необично друштво спаѓа и Џеф Голдлбум.

Критика во Ролинг Стоун од 1968 за првиот албум на Коен

Eден ден по неговиот 80-ти роденден, и два дена пред официјалното излегување на новиот албум кого веќе го излижавме од преслушување, рецензија за првиот албум на Коен, од далечната 1968. Не знаеме што прави во моментов извесниот г-дин Шмит, ама сигурно до сега неколку пати си гризнал тастатура.

„Јас зборам добро еден ден" од Дејвид Седарис

Има така некои автори и книги кои ни шлајфуваат на дното на купчето, и покрај тоа што ни биле препорачувани, и често сме ги гледале на бестселер листите. Еден од нив, на кого до сега неоправдано не сме му посветиле внимание, е Дејвид Седарис.

5 години Букбокс

Споредено со вечноста, пет години и не се некаков континуитет, за да можеш да легнеш на хронолошкото сенаменско брашно, и да прогласиш дека тоа што го правиш „прераснало во традиција". Од друга страна, тоа се повеќе од 1800 денови, од кои повеќето си ги поминал со една мисла - што ќе пишувам денес?

Бил Мар конечно призна дека е верник

Комичар, политички коментатор, телевизиски водител и писател, познат меѓу другото по неговите ригидни атеистички ставови, Бил Мар (кого ние си го викаме Бил Махер) излезе од верскиот плакар. И призна дека целата таа работа со безбожништвото е обична фарса.

Мемоари на вработена во крематориум

Со лик кој лесно може да се вклопи помеѓу Топаловиќи или семејството Адамс, Кејтлин Дути (Caitlin Doughty) реално вади пејсмејкери од човечки трупови, рачно шмиргла коски и на свои 30 веќе седум години го полни крематориумот со тела. Несебично решена ова да го сподели со останатите смртници, таа во новата книга со пресмешен наслов „Кога чадот влегува во очи" зборува за нашиот цивилизациски проблем - неспособноста да се соочиме со физичкиот факт на смртта.

Должината е важна

Инфографик кој врз основа на бројот на зборови, согласно просечната брзина на читање, покажува колку часови се потребни за читање на голем број наслови, од Антигона до Игра на троновите.

Фотографии на кои главен лик е нечиј прст

Нова книга под наслов „Напад на огромните прсти" е преглед на најголемите утки на фотографскиот медиум, чиј главен лик е прстот кој го затскрива прекрасниот пејсаж или ликот на фотографираниот.

Јазикот на менијата

Дан Јурафски, професор по лингвистика на Станфорд, се интересира за еден специфичен гастрономско-книжевен жанр: јазикот на ресторанските менија. Замисли охридски келнер да треба да го чека дур овој брои придавки и заменки. 

Мајнкрафт за секое дете!

Мајкрософт платил 2,5 милијардни долари за да ја купи играта Манјкрафт. Зошто ова би било тема за Букбокс? Сега ќе ви објасниме.

Слушнете го новиот албум на Леонард Коен

Целиот нов албум на Коен, кој ќе излезе на 23. септември. Повеќето од песните се од друг автор, а единствената којашто е негова е пишувана цели 40 години - ја преправал за да ја прилагоди на своите менливи теолошки расположенија. И уште ја нема целосно совладано.

Сликите и поезијата на Жилиет Бинош

Бинош, освен импресивна актерска кариера, има и други таленти - пишува поезија и слика. Во еден од нејзините најнови филмови таа не само што игра професорка по уметност, туку и самата ги нанесува боите на огромните платна.