Ерик Кеселс, авторот на книгата, во нејзиниот предговор вели дека ова е најчестата фотографска грешка, а веројатноста таа да се случи не е намалена во дигиталната ера, кога и покрај сиот софтвер за обработка на слики од прстот во кадар е тешко да се отарасите. Од стандардниот групен портрет, до необична фотографија на баба која со покер фејс игра покер со нејзината партнерка-фантом со невидлив лик, фотографиите со прсти се тринаесети дел од негова поголема збирка чие создавање е во тек, наречена „Во речиси секоја слика".
Таа се состои од фотографии собрани од приватни албуми, од јавните онлајн домени, како и такви купени на пазари на старини по големите градови. Таква е една која ја направил човек кој ја фотографирал својата сопруга речиси секој ден во периодот од 1956-1968. Убедливо пак најинтересна е збирката која ја раскажува приказната за жена од Холандија, која во 1936 година како 16-годишна девојка од Тилбунг почнала да тренира стрелаштво. Секогаш кога ќе ја погодела метата тоа активирало фотоапарат кој правел нејзин портрет во поза на испукување. Серијата ја документира речиси секоја година од животот на жената, со тоа што од 1939-1945 нема ниту една фотографија, веројатно заради Втората светска војна.
„Без оглед кои се и кога се сликани, нашите субјекти се чудно кропирани од палци, понекогаш прсти, дури и цели дланки. Прстите се масивни, мистериозни дамки кои се појавуваат на снимката како духови или НЛО", вели авторот. Еве неколку од нив, ако имате и чувате некои ваши интересни испратете ни ги во коментари на сајтот на Букбокс на Фејсбук.
Нашиот фаворит: