И тоа не e само заради аранжманите кои вклучуваат повеќе инструменти отколку само пијано како што е предвидено кај Шопен, туку и заради еден интересен момент - „загушувањето" или стивнувањето на клавирските типки.
Лосон, кој има две деца под пет години, морал да снима доцна ноќе, а за да не им пречи на домашните почнал да става парчиња филц помеѓу жиците и чеканчињата на пијаното, што создава топол, резонирачки тон, со кој експериментирал и на претходниот албум „Просторот помеѓу“. Освен тоа, овој пат го приближил микрофонот многу блиску до инструментот, така што се слушаат сите крцкања и потпукнувања - како да дише некаков дух во машината.
Тука изведбата на Лосон на ноктурното во F Minor-Op. 55, бр. 1, во придружба на виолончело:
За споредба, класична изведба на истото дело од славниот руски пијанист и диригент Владимир Ашкенази
Интересно е што во коментарите под интервјуто за NPR по повод излегувањето на новиот албум има жолчна дискусија околу тоа колку Лосон го извитоперува Шопен, а некој ја нарекува неговата изведба „ceцкање (choppin) брокула". За што сè се хејтаат луѓево низ светот...