Првата помисла е дека ваква пресметка треба да стои на секоја книга која ќе ја отвориш, за да си процениш дали вреди да ѝ посветиш неколку часа од животот. Но обратната логика е посилна - колку часови бесмислено киснење на интернет или по шалтери сте минале, а сте можеле за тоа време да прочитате книга? Што би рекол Запа - премногу книги, премалку време.