Два дена по неговиот 80-ти роденден Коен ќе го издаде неговиот 13ти албум под наслов „Популарни проблеми". Oсум од деветте песни се на друг автор - Патрик Леонард - за кого Коен вели дека е одличен соработник бидејќи кај него има отсуство на его, а обилност од музички идеи. Леонард (какво згодно презиме..) е композитор со француско-канадско потекло, кој стана најпознат по неговата соработка со Мадона на неколку нејзини албуми (од True Blue до Ray of Light). Како продуцент има работено и со Брајан Фери, Елтон Џон, Род Стујард, Пинк Флојд, а соработката со Коен почнала во 2012 кога бил ко-автор на четири песни на албумот „Стари идеи".
Коен вели дека тие двајца веќе имаат завршено и половина друг албум, што според него е необична брзина на создавање песни бидејќи „песната дава плод само ако доволно долго работиш на неа".
Токму такво „долго време" ѝ било потребно на Born in Chains, единствената од албумот чиј автор е Коен, a која ја пишувал цели 40 години. „Ја имам преправано многу пати за да се прилагоди на промените во мојата теолошка позиција", вели тој. Па сепак, и сега тој не е 100% сигурен во неа, иако вели дека откако ќе ја исвири стотина пати на концерти веројатно ќе стане совршена.
Веруваме во тоа, и му посакуваме на Коен успешен албум и среќен 80ти.
Целиот албум тука. Коментари во..коментари.