Bookbox

Се викале Виктори Вертикал и биле пијана произведени од Стенвеј специјално за американската армија. Имале и посебна, транспортна кутија која ги штитела од оштетувања. Целта била преку музика да се крева моралот на војската, и во тоа овие инструменти сигурно помогнале. 

Помислете на омилениот научно-фантастичен роман. Сигурно го знаете насловот и авторот. Но што е со уредникот или издавачот? Една жена се уште го нема добиено заслуженото признание за тоа што ги проширила границите на научната фантастика и на фантастиката воопшто, приближувајќи ги до нови читатели.

„Не остана ли ништо свето?“: спортскиот скандал што ја тресе Британија

Можеби мислите дека има врска со фудбал. Или со тенис, коњски трки, бокс. Не, оваа приказна за актуелна контроверзна победа на домашно првенство има врска со - челичен костен!

Дали конечно ќе ги слушнеме предупредувањата од гласна музика?

Како што глобално расте бројот на случаи на тинитус (зуење во ушите), така стануваат сè популарни затки за уши, како и барањата за стишување на музиката на јавни настапи. ПА НЕ МОРА СÈ ДА Е ГЛАСНО!

Букбокс друштвени игри бр.12: „Реилроуд Инк“ или железници од мастило

Има некое чуство на задоволство во творењето/креирањето на било што. Кога пред твои очи празната хартија се трансформира во нешто за што на крајот ќе речеш: - „Го гледаш ова? Jас го создадов“. Во случај на Реилроуд Инк, тоа значи да создадеш најефективната транспортна мрежа од железници и патишта поврзувајќи ја точка А со точка Б низ навидум празното гратче на почетокот на играта.

Претстава на Бекет во црна темница

Драмите на Бекет нудат можност за радикални експерименти. Една од нив, за којашто пишувавме по повод заминувањето на „музата" на Бекет, на сцената ја предвидуваше само осветлената уста на главната (и единствена) актерка. Но во нова продукција, на нешто што било замислено исклучиво како радио драма, целата сала ќе биде во мрак.

Далај Лама и Дезмонд Туту ќе пишуваат заедничка книга

Тибетански будист и некогашен англикански бискуп, обајцата борци за човекови права и добитници на Нобеловата награда за мир, ќе се обидат да дадат одговор на тоа како (и каде) се наоѓа среќата.

Зошто Ринго Стар заслужува почит?

Овој викенд во Рокенрол халата на славните ќе бидат примени Грин деј, Лу Рид, Бил Витерс и Џоан Џет. За музичка исклучителност конечно ќе биде награден и Ринго Стар.

Проект Вокс - историја на модерната филозофија која ги вклучува и жените

Големите фигури на филозофите-мажи од периодот на раната модерна филозофија досега ги засенуваа оние поретките, но сепак постоечки ликови и дела на жените филозофи од истиот период. Еден сајт се обидува да ја исправи работата.

„Пики Блајндерс" (2013-)

Сигурно ви се случило некоја серија да ве бендиса, па така при срце да ви прирасне и музиката од неа. Ама да почнете да гледате серија заради саундтракот, и така да се навлечете на содржината? Е, и тоа го има.

Гинтер Грас: заминувањето на контроверзниот нобеловец

Добитникот на Нобелова за книжевност од 1999, писател, поет, драматург и скулптор препознатлив по неговите моржовски мустаќи и лулето, почина на 87-годишна возраст. Зад него останува значајно книжевно дело, но и живот, кој особено при крајот, беше обележан со контроверзи.

10-те заповеди според Кристофер Хиченс

Можеби и не е најсреќен избор на верски празник да се објавува предлог-ревизија на десетте божји заповеди на озлогласен атеист, каков што беше Хиченс. Но за тоа има две добри причини. Прво, тој е роден на денешен ден во 1949, второ неговата листа не е контрадикторна на онаа којашто вообичаено се наведува како библиска, туку е само прилагодена на новите времиња.

Генијалноста на г-дин Линеа

Во време на софистицирана компјутерска анимација и заморни 3Д ефекти, убаво е да се потсетиме што може да се направи со една обична - линија.

40 години од „Светиот грал“ на Монти Пајтон

Евергрин хумор, којшто не само што не застарува, туку станува и посмешен со годините. Можеби затоа што веќе малку работи нè засмејуваат онака како што тоа го прави витезот што вели „Ни!“.

Психологијата зад моментот на „аха!“

Тоа е оној момент кога нешто ќе ви „светне“, а кој велат дека е резултат на инстинкт, интуиција, на повеќегодишно искуство, или едноставно на среќа. Ефектот на „еурека“ е дел од легендите за големите научни откритија, но и од секојдневната работа во повеќе професии, каде помага за решавање на големи проблеми, па и за спасување животи.

Зошто ретро-манијата по „Твин пикс“ е вознемирувачка?

Пред неколку дена Линч изјави дека нема да го режира продолжението на „Твин пикс", неговата култна серија, прикажана пред точно 25 години. Фановите реагираа со големо разочарување и со надеж дека финансиските недоразбирања меѓу него и продуцентот ќе се решат, а некогашната актерска екипа почна акција за негово враќање. Сепак, има и такви кои сметаат дека во оваа ретро-манија по серијата има и нешто необично, коешто треба да загрижува.

„Зборови без музика“: нов мемоар на Филип Глас

На 78-годишна возраст Филип Глас има доволно живот зад себе за неколку автобиографии. Неговата нова книга е токму тоа - мемоар на четиристотини и кусур страници, со спомени и интроспекции поврзани со неговата композиторска работа.

Враќањето на девојката со тетоважа на змеј

Стиг Ларсон почина на 50 години во 2004, но неговиот најпознат лик, Лизбет Саландер, ќе продолжи да живее. Тоа е една од предностите на фиктивните ликови, да можат да „воскреснат“, и да им донесат многу пари на оние кои ги разбудиле од нивниот мирен сон.

100 години од раѓањето на Били Холидеј

Родена како Елеанора Фаган на 7. април 1915, со прекар Lady Day, Холидеј има извршено огромно влијание врз џез и поп пејачите, но и врз историјата на музиката воопшто.

Човекот кој за малку ќе го убиеше Хитлер

Нов филм кој за некој ден премиерно ќе се прикаже во Германија зборува за Георг Елсер, 36-годишен дрводелец од гратче во јужниот дел од земјата, кој бил блиску до тоа да изврши атентат врз Хитлер на почетокот на Втората светска војна.

Ќе биде објавен последниот - стоти - албум на Френк Запа

Летово конечно ќе излезе Dance Me This, снимен пред смртта на Запа во 1993, кој заокружува една баш фина бројка - стоти албум од Freak Out, снимен 1966.

Кој е убиениот Арап во „Странецот"?

Раскажувањето славни дела од аспект на спореден лик во нив е веќе позната книжевна постапка. Меѓу другите ни текнува на „Розенкранц и Гилденстерн“ на Стопард (според Хамлет) или на „Фо“ на Куци (според Робинзон Крусо). Ова e книга на алжирски автор, посветена на ликот на убиениот Арап во најпознатата книга на Ками. 

„Флеш фикшн", или колку кратка може да биде кратката проза?

Како треба да изгледа прозата во свет во кој се форсира брзина, и во кој нема концентрација за читање на што и да е подолго од неколку реченици? Дури и „кратка" веќе е предолга одредница за ваквиот вид приказна.

Боуви повторно ќе падне на Земјата

40 години откако се појави како хуманоиден вонземјанин во „Човекот кој падна на Земјата", Боуви пишува драмски текст базиран на истата приказна.

Како Харви Стромберг го насамари MoMA

Не мора да е 1 април за да смислите добра измама, местенка или шега. И не само за некого да исмеете или зафркнете, туку и за да искажете став по однос на некое важно прашање. Токму како што направил овој њујоршки уметник.  

Само битангите пијат млеко

Големите книжевни имиња влегле во легендите по пијанчењето - тие станале нераздвојни од нивните дела. Се пиело во сите епохи и веројатно уште од првиот пишан збор. 

Строгите животни правила на Толстој: посетувај бордел само два пати месечно

Кога имал 18 Толстој веќе знаел дека има потенцијал да стане „исклучителна личност“ и голем писател. Но бил свесен дека тоа подразбира одреден режим на живот и големи жртви. Си зацртал правила, кои со текот на годините станувале построги. Некои од нив очигледно ги следел, за други му одело потешко. Па и писателите се само луѓе...

Книга напишана на хартиени авионски ќеси

Ги знаете оние ќеси, што стојат во мрежичката на авионското седиште пред вас, и кон кои посегнувате кога не-дај-боже ќе ви се слоши? Епа врз такви Кејв ги запишувал своите впечатоци од последната турнеја низ Америка, за сега да ги вкоричи во тврда корица и да ги наплаќа по 1,100 долари. Што би се рекло, „еве, не знам“...

Зошто милиони возрасни ја купуваат оваа боенка?

Списокот на топ 100 книги на Амазон се менува од час во час, но две книги долго се држат на него. И двете се - боенки за возрасни.