Kejв е познат по шалтањето од музика кон книжевност и обратно - неговиот роман „Смртта на Бани Манро" од 2009 за сексуално зависен трговски патник беше достапен како апликација за ајфон, којашто го комбинираше текстот со аудиокнига читана од самиот Ник. Промотивната турнеја за книгата, пак, содржеше изведби на музика во живо.
Со новата книга, The Sick Bag Song (Песна за ќесичката за лошење), тој пробува нешто поинакво - да ги раскаже низ стихови, „чкртки", цртежи и белешки неговите патувања низ САД со бендот во 2014. Приказната за минувањето низ 22 града е запишана на онакви хартиени ќеси што стојат во мрежичката пред вас кога патувате со авион, во случај да ви се слоши.
Книгата има три изданија: едно со тврд повез и 44 фотографии на испишаните ќеси во боја, сместено во кутија; аудио верзија читана од Кејв; по 10 специјални примероци за секој од градовите (значи 220 книги), со по една уникатна „сик бег", потпис и печат од Кејв и два винила со аудио книгата. Последново чини 1,100 долари.
Sick Bag Song излегува на 8. април. И покрај сета љубов кон Кејв, идејава ни е нешто меѓу скрибоманска и нарцисоидна. Ама па во описот на тие специјално дизајнираните ќеси се вели дека се „целосно функционални", што за 1100 долари и не е толку лоша зделка.
Официјалниот сајт
Има и трејлер - приказна за момче, не во авион, туку на железничка пруга