Иако беше објавена на 1. април на сајтот на Запа, веста е вистинита - албумот можете да го нарачате однапред на овој линк.
Пред да почине од рак на простата во декември 1993, на 52 години, Запа дал интервју во списанието „Гитарист", каде изјавил дека работи на нов албум, кој е „дизајниран така за да се користи од страна на модерните танчерски групи". Иако наследниците до сега имаат издадено неколку постхумни албуми, овој не беше меѓу нив. Во 2004 почнале да кружат касети со „протечен" материјал од него, но официјално тој никогаш не е објавен.
Dance Me This го заокружува експериментирањето на Запа со пионерската електронска музика и со „синклавирот" како негова главна композиторска алатка, со која почна да се занимава во 1984.
Во прилог, „Не јади жолт снег“ - сè уште актуелна, со оглед на времево..