Bookbox

Се викале Виктори Вертикал и биле пијана произведени од Стенвеј специјално за американската армија. Имале и посебна, транспортна кутија која ги штитела од оштетувања. Целта била преку музика да се крева моралот на војската, и во тоа овие инструменти сигурно помогнале. 

Помислете на омилениот научно-фантастичен роман. Сигурно го знаете насловот и авторот. Но што е со уредникот или издавачот? Една жена се уште го нема добиено заслуженото признание за тоа што ги проширила границите на научната фантастика и на фантастиката воопшто, приближувајќи ги до нови читатели.

„Не остана ли ништо свето?“: спортскиот скандал што ја тресе Британија

Можеби мислите дека има врска со фудбал. Или со тенис, коњски трки, бокс. Не, оваа приказна за актуелна контроверзна победа на домашно првенство има врска со - челичен костен!

Дали конечно ќе ги слушнеме предупредувањата од гласна музика?

Како што глобално расте бројот на случаи на тинитус (зуење во ушите), така стануваат сè популарни затки за уши, како и барањата за стишување на музиката на јавни настапи. ПА НЕ МОРА СÈ ДА Е ГЛАСНО!

Букбокс друштвени игри бр.12: „Реилроуд Инк“ или железници од мастило

Има некое чуство на задоволство во творењето/креирањето на било што. Кога пред твои очи празната хартија се трансформира во нешто за што на крајот ќе речеш: - „Го гледаш ова? Jас го создадов“. Во случај на Реилроуд Инк, тоа значи да создадеш најефективната транспортна мрежа од железници и патишта поврзувајќи ја точка А со точка Б низ навидум празното гратче на почетокот на играта.

Човекот кој им свиреше на Труман, Черчил и Сталин

Пред 70 години, по поразот на нацистичка Германија, тројцата водачи се сретнаа во Потстдам, близу Берлин. За нив свирел тогаш 19-годишен војник, за кого сега е направен краток документарец.

Со секира по нов театар

Режисер на претстава која игра во новоизградена сала од 35 милиони евра во Манчестер бил изнервиран од лошите критики за неговата претстава. Зел секира од театарските реквизити и почнал да мава по ѕидовите и ентериерот. Директорот на институцијата потоа најсмирено му ја испратил сметката.

Мрачната страна на емоционалната интелигенција

Тренди е да се инсистира на добрите страни на емоционалната интелигенција, без која ниту најинтелигентиот човек не е комплетен. Но таа може да има и мрачни страни.

Глумење сообраќајна култура, буквално

Јавните кампањи не мора да бидат ни скапи, ни тупаџиски. Сè што ти треба е актерска трупа и креативна идеја. 

Како е да се плашиш од боја?

Вуди Ален и Били Боб Тортон не можат да се израдуваат ни на интензивно црвена лубеница, ни на светло сина боја на некој морски залив. Тие се eдни од оние кои се плашат, или барем чувствуваат голема непријатност од која и да е светла или интензивна боја. А за разлика од змии или летање, ова е многу потешко да се одбегне.

Поетско признание на мисијата на Плутон

Една џуџеста планета знае да инспирира куп уметнички дела - од Реј Бредбери до Бјорк, прослава на нашето буквално и метафорично приближување кон она што ни е далечно и непознато, и оние ретки моменти кога изгледа дека сме дознале нешто ново за него. 

Убави зборови од скандинавските јазици кои можат да ви се најдат

Сте за една „фика“? Од кога не сте биле „форескелт“? Нашата фасцинираност од непреводливите зборови продолжува со избор од такви кои ги користат стереотипно „студените“, нордиски народи. Според зборовиве, нивниот светоглед е прилично весел и хедонистички.

Ману во лудница

Во пресрет на неговиот настап на Д фестивал во Дојран на 19 јули, една кај нас малку позната приказна за соработка на Ману Чао со психијатриски пациенти, кои и денес ја водат аргентинската радио станица, Радио Луни.

Мрачните страни на тоа да си „пишувач на говори“

Како да си го сочуваш интегритетот и писателскиот ентузијазам ако си принуден да пишуваш говори за лош политичар, кој освен тоа е и лош човек? Еден кој се обидел да издржи во професијата ги споделува неговите искуства. За жал не е од овие краишта, а баш би сакале да ја чуеме и приказната за нашите пишувачи на говори. 

Што е тоа „добар Европеец"?

Каква врска има Фридрих Ниче со Грција, економската криза и Европа? Иако звучи необично, неговиот концепт на „добар Европеец" деновиве е (не)свесно користен и од политичари и од новинари.

Рики Ли Џонс има 60 и нов албум

„Една од најнесоодветните споредби кои некои се обидел да ѝ ја закачи на Рики Ли Џонс е дека таа е женски Том Вејтс", вели текст во New Musical Express од 1979 за тогаш младата музичарка. 

Трагедијата со метафората за грчката трагедија

За да ја опишат кризата во Грција новинарите и коментаторите (па и нашите) посегнуваат по најбаналното можно клише - кризата е трагедија, а штом се случува во Грција зошто да не ја наречеме „грчка трагедија"? И тука да застанеме.

„Неволниот фундаменталист“ (2012)

Одличен филм на Мира Наир за „хибридните идентитети", формирани врз основа на различни, понекогаш контрадикторни вредности, кои неволно но сепак одлучно знаат да го изберат фундаментализмот како излез од ваквата подвоена ситуација.

Еуклид Цакалотос - грчко-британски марксист и лев аристократ

Признаваме дека кожните јакни и мускулестото торзо на Варуфакис веќе ни недостасува (*ова го пишува женскиот дел од офф.нет). Ама и биографијата на новиот грчки Министер за финансии не е за потценување. Меѓу другото има напишано и шест книги. Каде ги вадат бе вакви интересни?

Електронска симфонија за подземна железница и билет

Џејмс Марфи, поранешен член на LCD Sоundsystem, во соработка со Хајнекен, сака на луѓето кои секојдневно патуваат со подземна железница да им го разубави денот. На пример со тоа што во машините за поништување билети наместо досадниот „бип" вградува пријатни мелодии.

Најкраткиот некролог

Деновиве наидовме на веројатно најконцизниот некролог на сите времиња, на извесен Даглас Леглер од Северна Дакота, кој по негова сопствена желба гласи: „Даг умре". Ама и помеѓу писателите, кои по дефиниција се речити, има еден кој посакувал сличен.

Комплетната катастрофа на Грција

Kнига на дописник на Wall Street Journal, по потекло Грк, во која низ мешавина на гадење и енергичност се обидува да покаже кога и како работите во оваа земја тргнале на лошо. Главни виновници според него се самите Грци и нивните мали и големи далавери.

Речник на затворски сленг (составен од затвореници)

Затворскиот сленг е кодиран говор, во кој препознатливите зборови можат да значат нешто сосема поинакво од вообичаеното. Една група затвореници од Бона Тера, Мисури, составиле и објавиле речник, кој дава увид во нивните секојдневни искуства во оваа институција.

„Фундаментализам“ или за еволуцијата на еден збор

Ни крив ни должен, термин кој првично бил користен за позитивно да се опише нечија вера, почнал да се користи во пежоративна смисла, синонимно со „екстремизам". Но неговиот популаризатор имал сосема други намери.

Далија Дарбишир или жената-легенда на електронската музика

Исклучителна жена, која комбинирајќи ги интересите за математика и музика создала сопствен пристап во третирањето на звукот, наречен психо-акустика. Таа е легенда на полето на раната електронска музика, а како своја инспирација ја наведуваат голем број современи артисти. 

„Егзибиционизам" - голема ретроспективна изложба на Стоунси

Exhibitionism (игра со зборови, ем егизибиционизам, ем изложбизам), ќе содржи повеќе од 500 артефакти од историјата на славниот бенд. Членовите им дале целосен пристап до архивата на организаторите, кои резултатот го опишуваат како „интерактивна тура низ огромното уметничко дело на Стоунси".

Дизни ќе прави филм за Дарвин

Првата асоцијација на Дарвин, освен мајмуните, е чичко - или повеќе дедо - со долга брада и загрижен израз на лицето. Но во новата холивудска верзија на неговата биографија тој ќе добие третман на Индијана Џонс, а неговиот живот ќе биде претворен во филм, од жанрот авантуристички

„Лудницата Стоунхрст" (2014)

Базиран на сатиричен расказ на Едгар Алан По, филмов пука од потенцијал за истражување на тенката граница помеѓу она што е (наводно) нормално и она што е (исто така наводно) ненормално и лудо. И покрај блескавата актерска екипа, тој е сепак повеќе љубовно филмче отколку филозофски трактат или ироничен коментар на современата култура. 

Конфискувано оружје во раце на уметниците

Соочен со зголемувањето на стапката на убиства во 1990-тите, американскиот уметник Брајан Борело добил идеја. Откако посведочил убиство на дете од заталкан куршум во улична престрелка, побарал од локалната полиција да му отстапи дел од конфискуваното оружје, за предметите кои се користат за уништување да ги трансформира во уметнички дела.