Непреводливоста е честа тема на Букбокс, од муабетот на минатиот ТЕДх, преку книгата на Хауард Реинголд, до инфографици за емоции за кои нема зборови. Eве уште, како поттик до оние кои се разбираат од дизајн да направат нешто слично и со македонските.
Jayus (џаус, индонезиски) - Виц кажан толку лошо и толку несмешно што не можеш а да не се насмееш.
Depaysement (буквално од-земјување, француски) Чувството кое произлегува од тоа да не си во татковината.
Sobremesa (собремеса, шпански) - времето после ручек или вечера, поминато во муабет со оние со кои си јадел.
Culaccino (кулачино, италијански) - трагата што на масата ја остава студена чаша.
Iktsuarrpok (иктсуарпок, инуитски) - чувството на исчекување кое прави цело време да гледаш надвор за да видиш дали некој доаѓа.
Waldeinsamkeit (валдајнзамкајт, германски) - Чувството да си сам во шума. Има и песна од Емерсон под истиот наслов.
Panapo'o (панапо'о, хавајски) - чинот на чешкање по глава за да се сетиш на нешто што си го заборавил.
Pochemuchka (почемушка, руски) - Човек што поставува премногу прашања, буквално „зоштопазоштотник"
Mangata (мангата, шведски) - Светлината на месечината огледана во вода која формира одраз како пат
Komorebi (комореби, јапонски) - Сонце кое се пробива низ лисјата на дрвјата.
Goya (гоја, урду) - Чувството на исчекување и неверување кое може да се појави кога читате добра приказна.
Извор: blog.maptia.com