Таг: непреводливи зборови

Непреводлива љубов

Некои од овие веќе сме ги имале, но сега се групирани тематски, и убаво илустрирани од Ема Блок. Читајќи ги ни е жал само за една работа - што никако не нè фаќа тоа „манабамате“.

Зборовно порно

Oткако пишувавме за злоупотребата на зборот „порно" како опис на различни возбудливи човечки активности кои немаат директна врска со секс (од градинарство до храна), почнаа да ни пристигнуваат голем број други примери. Фосилно порно (не е тоа што мислите), гробно порно (исто така), фрактал порно...И меѓу нив - зборовно порно. 

Зборовите кои ви недостасуваа

Веројатно веќе ви е позната нашата опсесија со непреводливоста. Ама па како да не бидеш воодушевен кога ќе видиш дека постои збор за нешто што отсекогаш си сакал да го вербализираш, ама пустото немало како.

Илустрирана непреводливост

Непреводливоста е еден од симптомите на немоќта на јазикот како алатка. Од друга страна, таа покажува дека она што на прв поглед изгледа како хендикеп всушност отвара простор за креативност. Како овие 11 илустрации на тешко преводливи зборови, чие значење сепак делува блиско.

Мерак ми е да преведам

Непреводливоста е очигледно интересна тема - особено за преведувачите, и тоа за оние кои се мачат да ги сработат говорите на ТЕД.