Пред ТЕД Глобал кој започна на 24. јуни во Единбург се одржа средба на 22 преведувачи-волонтери, кои до сега имаат преведено повеќе од 3,000 говори - дел од проектот за споделување на ТЕД на 88 и повеќе јазици.
Дик Лингрен, еден од присутните преведувачи, направил интересен послужавник, прекриен со 21 непреводливи зборови од 88 јазици. За повеќето викаме - супер - освен за 'мерак' кој никако не може да биде само српски. И ние бре имаме мерак за непреводливи зборови!
Еве ги сите од списокот - ги оставивме во оригиналната транскрипција, да не го утнеме изговорот.
Холандски
pretoogjes: „смешни очи", очите на човек што се кикоти и има намера да направи некоја мала беља
Полски
bakalie: кое и да било суво овошје, апетисани, кандирана кора од цитрусно овошје кое се користи за колаче или за во сладоледи
Хрватски
milozvučan (ова го знаете)
(И не само) српски
мерак: задоволство кое произлегува од едноставни радости, како време минато во прославување или дружење.
Норвешки
dugnad: планирана (полу)волонтерска работна средба за добробит на некоја заедница
Шпански
sobremesa: време минато по ручек или вечера, во разговор со луѓето со кои сте јаделе
Француски
savoir-être: „меки вештини", да знаеш да го живееш животот (слично на savoir-vivre)
Чешки
panenka: трик за збунување на противникот, според изненадувачкиот пенал на Паненка во 1976, на Европското првенство
Бугарски
чародей: древен бугарски шаман, волшебник, вештер
Руски
тьмутаракань: волкоебина, „Тунгузија", најнеразвиените делови од земјата
Грчки
φιλότιμο: почит и чест која си ја укажуваат пријателите
Италијански
fattapposta: намерно направено, чест израз во италијанскиот, може да означува кој и да е предмет, особено ако притоа е придружено со гестикулација
Таи
tɕāj: искрена љубезност и подготвеност да помогнеш на друг, без да очекуваш ништо за возврат
Jaпонски
いただきます (itadakimasu): израз со кој се започнува оброк, благодарност до сите, од готвачите и фармерите до стоката која ќе биде изедена
Шведски
mångata: одраз на месечината во вода
Клингонски
Qapla': „Со среќа", често користен како извик или при разделба
Латински
aemulatio: латинска алтернатива на плагијаризмот, покажување почит за книжевните претходници преку создавање подобрена верзија на нивното дело
Арапски
mo:ru:ɐ: кулминацијата на мажевноста, мешавина на храброст и љубезност
Кинески
yù: пет доблести во едно: доброќудност, правичност, храброст, мудрост и доверливост
Ерменски
χatʃkɑɹ: изрезбана, меморијална стела, која содржи крст (камен-крст)
Урду
goya: „што би било кога би било" размислување кое сепак делува како да е вистина.
На „нашиот“ сеир никој не се сетил:)