„Без никаква навреда, терминот 'широка' можеби е измислен за неа - со широка коска и колкови, и со лице кое како да е излезено од Бардо/Феј Данавеј модла, таа има такви движења кои дури и утре да ја издаде гласот би ѝ гарантирале главна точка во кој и да е стриптиз бар", продолжува авторот.
Ваков текст денес во и вон музичките кругови би бил оценет како скандалозно шовинистички и мизогиничен. Но тој во времето кога е напишан во голема мерка помогнал во промовирањето на дебитантскиот албум на Рики Ли, заради што таа се нашла на насловната на Ролинг Стоун.
Повеќе од три децении подоцна таа во јуни го издаде новиот албум, The Other Side of Desire, инспириран од нејзиното враќање во Њу Орлеанс, откако го напушти во осумдесетите по меланхоличниот албум Pirates. Музиката на овој е весела и разиграна, во голема мерка инспирирана од онаа на славниот пијанист Фатс Домино, кој е роден и на свои 87 години се уште живее во градот. Ваквата музика локалците ја нарекуваат Swamp Pop (мочуришен поп), и „ја свират и со затворени очи", како што ѝ рекле музичарите кои ги собрала по градот за да соработуваат со неа на албумот.
Во интервју за NPR таа го објаснува нејзиниот премин од контемплативни, филозофски теми кон по „овоземски", опишувајќи го периодот од последнава деценија како постојан пад во самодовербата, што довело до нејзината поголема приврзаност кон христијанството, но и до овој албум.
Насловот кокетира со терминот „желба", но таа на шеесет години веќе не го разбира само во сексуална конотација:
„Ако продолжиш да имаш секс додека да умреш, верувам дека Желбата ќе те води низ живописно обоени мочуришта пред засекогаш да одмориш. Местото од другата страна на желбата за мене е населен од секаков вид дух, кој е постојан. Нашите внуци ќе знаат за нас затоа што се направени од нашите срца", вели таа.
Еве ја како изгледа денес во трејлерот за албумот:
Песна од него, Jimmy Choos