Вчера, 14.07, по 9 и пол години и поминати 5 милијарди километри, вселенското летало на НАСА, Нови хоризонти, профуче крај Плутон, правејќи фотографии од оваа тн. џуџеста планета, до која до сега немаше стигнато ниту една мисија. Откриена во 1930, таа го добила името од 11-годишна ученичка од Британија, Венеција Барни, и од тогаш постојано инспирира бројни научно фантастични автори, стрип цртачи и музичари.
Фотографиите кои ги собираше Нови хоризонти се монтирани во ова видео, за кое „гласот го позајмува" Реј Бредбери, кој ја чита неговата песна „Само да бевме повисоки" на прославата по повод мисијата на Марс на НАСА во 1971.
Short man, Large dream
I send my rockets forth between my ears
Hoping an inch of Good is worth a pound of years
Една од неколкуте песни посветени на Плутон, оваа е од Бјорк, опишана како „луто парче техно"
На крај, за оние кои ја коментираа мисијата како „милијарди за една фотографија", еве ја радоста на тимот и набљудувачите по успешната мисија, која додуше треба да важи, како што вели Бредбери погоре, и кога испраќаш „вселенски возила помеѓу ушите"