Bookbox

Можеби мислите дека има врска со фудбал. Или со тенис, коњски трки, бокс. Не, оваа приказна за актуелна контроверзна победа на домашно првенство има врска со - челичен костен!

Како што глобално расте бројот на случаи на тинитус (зуење во ушите), така стануваат сè популарни затки за уши, како и барањата за стишување на музиката на јавни настапи. ПА НЕ МОРА СÈ ДА Е ГЛАСНО!

Доста е и 100 - животниот век го достигнува своето биолошко плато?

Во 1990-тите голем број научници го критикувале предупредувањето на еден епидемиолог, кој тврдел дека брзото продолжување на човечкиот живот, кој се случи во 20 век, во еден момент ќе забави, па дури и ќе престане. Сега, нова студија покажува дека бил во право.

Букбокс гледаше: „Убиј ги прво децата“ (2024)

Најмалку четири македонски филмови во последниве три години имаат толку многу заеднички елементи, што доколку би се скратиле на помалку од час и споиле, би претставувале добар омнибус на урбани, пред сè скопски приказни. Од аспект на публика, „Убиј ги прво децата“ на Димитар Оровчанец може да е хендикепиран како најнов (последен?) во таа низа. Но ова може да биде и предност - со онаков диригентски потез на затворање во тупаница на отворената дланка, да означи некакво сумирање и најава за нов, следен бран.

„Света Сузана“ - кој е авторот на скандалозната опера од чија премиера луѓе беа изнесувани на носилка?

„Експлицитни сексуални сцени, пирсинг во живо и голи монахињи на ролерки“ - вака известија светските и нашите медиуми за премиерата во Државната опера во Штутгарт која се одржа деновиве. Иако звучи како да станува збор за нова опера, таа е всушност стара повеќе од 100 години.

Најдолгиот трејлер на сите времиња

Трае седум часа, и е сниман во еден кадар. Ако трејлерот трае толку, колку ли ќе трае целиот филм?

Кој доби Пулицер за 2016?

Наградите беа објавени вчера (18.04) на Универзитетот Колумбија, а вклучуваат роман кој е мешавина на шпионажа и политичка сатира, албум на џезер кој бил во Скопје и хип-хоп мјузикл.

Кој е поголем фраер, Сервантес или Шекспир?

Оваа година се навршуваат четири века од смртта на двајца великани на светската литература - Шекспир и Сервантес. Се смета дека тие умреле токму нa ист ден, 23.04. И тоа не е единственото што ги поврзува.

Дали вака крајот мириса?

Уметниците Тoмсон и Крејгхед креирале парфем базиран на библиските описи на крајот на светот. Животински рогови, изгорено месо, крв, и многу жолч.

Клетвата како лично и политичко оружје

Освен протести по улиците на Скопје, по социјалните мрежи и по медиумите деновиве масовно се користи уште еден демократски инструмент за искажување политички став - клетвата. Базирана врз верувањето дека изговорениот (или напишаниот) збор има моќ да нанесе не само емотивна, туку и физичка штета, таа е древно оружје на понижените и навредените.

80 години од раѓањето на Шабан Бајрамовиќ

Роден на 16 април 1936 во Ниш. После војната заради девојка дезертирал од ЈНА, и е осуден на три години на Голи оток. Индира Ганди и Нехру го викале да пее во Индија, каде е прогласен за крал на ромската музика. По снимање на спот за песна под наслов „Белиот коњ“ вистински го украл коњот и одјавал во непознат правец.

„Сеќавај се" (Remember, 2015)

На што ли ќе се сеќаваме, a што ќе заборавиме како колектив, од она што денес ни се случува, по седумдесет години?

Koга музичарите бојкотираат

Од Брус Спрингстин до Били Холидеј, уметниците реагирале и реагираат на она што сметаат дека е неправда, за да го привлечат јавното внимание и да придонесат за одредена кауза. Не се секогаш успешни во тоа, но барем се трудат.

За една замислена теорија на праведноста

Годината е 2002, кога од печат излегува македонскиот превод на „Теорија на праведноста", книга која претставува пресврт во најновата историја на филозофијата на правото.

Тајниот јазик на некролозите

„По долго и тешко боледување" во нашите последни поздрави обично значи дека починатиот умрел од рак. „Ненадејно" дека го стрефило инфаркт. Важно е и кој е потпишан, па дури и по кој редослед. Но во некролозите, во овој случај оние кои се објавуваат во Русија, има и посложени „кодови".

300 бесплатни книги за рачна работа

Универзитетот Саутхемптон има посебна референтна библиотека за она што со векови се сметално за женски марифет и обврска. Книги, каталози, шеми, списанија, можеби и понекоја Бурда. Сè што треба денес е прстите навикнати на типкање на тастатура, или на ракување со моторцангла, да се превоспитаат така за да држат чингелаке.

Вистинскиот Печ Адамс, или докторот кој лечи со смеа

Пред некој ден на телевизија го изгледавме филмот од 1998 на Робин Вилијамс за човек кој во момент кога е на работ на самоубиство одлучува дека наместо да си го одземе животот, подобро е да го посвети на еден револуционерен потфат - духовна реформа на здравството. Тој човек денес има 70 години, и уште шета низ светот промовирајќи ја идејата за таква медицина базирана на академско знаење, но и на човечност.

Којанистокси наместо Којанискватци

Филмскиот јазик кој некогаш зборуваше против капитализмот, сега стана негово отелотворување. Но таквото преземање на дискурси од полето на протестните движења за цели на естаблишментот не е нова.

Нова награда за (добар) книжевен секс

Вербализираните описи на секс како да се однапред осудени на неуспех. Или се преапстрактни, или се вулгарни. Или се емоционално испразни, или се патетични. Затоа и до сега имаше награда за најлош, но не и за најдобар опис на секс во книги. 

Кога читаш книги со лажни корици во јавност

Ако веќе се перчат со тоа која книга ја читаат, луѓето обично тоа го прават за да изгледаат (по)интелектуално, или за да делуваат како да се способни да се концентрираат на тежок наслов дури и возејќи се во автобус. Но овој „читател" е поинаков.

Нова филмска улога на Вејтс и список негови омилени филмови

Пилотот за нова серија под наслов „Граѓанинот" во кој се појавува Вејтс ќе биде режиран од Алфонсо Гомез-Рехон, добитник на главната награда од жирито на Санденс 2015 за „Јас, Ерл и девојката што умира".

Mултимедијална изложба посветена на Велвет Андерграунд во Париз

Група како оваа можела да се состави само во Њујорк од шеесетите на дваесетиот век. Но 50 години по снимањето на нивниот прв албум, Велвет Андергрануд е тема на голема мултимедијална изложба, не во Големото јаболко, туку во концертната сала на Париската филхармонија.

13 варијации на тема „секс, дрога и рокенрол"

Ова е хедонистичкото тројство кое на многумина им го скрати животот. Но познатата изрека има своја историска позадина и локални варијанти во различни јазици, кои звучат не загрозувачки, туку животно продолжувачки.

Ксенија Сидорова или „принцезата на хармониката"

„Џентлмен е оној што знае да свири хармоника, ама не свири". Вака гласеше антологиската дефиниција на Том Вејтс. Но тој заборавил една работа, дека хармоникашот може да биде и - жена.

100 години од раѓањето на Грегори Пек

„Никој од Гaри Купер наваму нема речено 'Да т'ибам' на екран со поголема убедливост од Грегори Пек, којшто понекогаш, заради неговиот едноставен изглед, е нарекуван Линколн од Беверли Хилс".

Што е спротивно од фикција?

Во македонските писателски и издавачки кругови до скоро важеше поделбата на проза, поезија и драма, а сè друго беше „стручна литература". Но со зголемениот број преводи на теориски дела од англиското говорно подрачје, полека се наметна потреба од ново катче во книжарниците и во нашите глави - категоријата „нефикција". Зошто ова звучи погрешно?

Загор или за југословенскиот капитализам

Викендов, како што пренесоа и нашите медиуми, на 87 години почина Галиено Фери, цртач на стрипот со којшто израснаа бројни генерации.