Букбокс и Пепер ве канат повторно да ја покажете вашата креативност, начитаност и гастрономска поткованост, во петок, 22.4 од 17 часот на стандардната локација - во сендвичарата „Пепер", на улица Ленинова, на раскрсницата со Орце Николов.
Оваа година настанот го посветивме на 400 годишнината од смртта на Шекспир. Донесете јадење, пијалок, мезе, солено, благо, за боцкање или за сркање што асоцира на неговите дела и ликови. Кралеви, принцези, воини, љубовници, смешни и трагичини приказни - кај него има сè. Ако сепак Шекспир не ве инспирира, тогаш направете нешто на која и да е друга книжевна тема. Наградите повторно ќе се одредуваат со гласање, а за оние кои ќе донесат свој прилог ќе има и бесплатни пијачки. Наградените ќе ги прогласиме во 19 часот, затоа дојдете си со време. Доколку остане храна следниот ден ќе ја донираме на акцијата Ретвитни оброк.
Оваа година имаме и музика - желби ќе ни исполнува диџеј Владодлак.
Еве едно од наградените дела од минатата година, плус подоле галерии од сите претходни години. А како инспирација за овогогодишната тема погледнете ги нашите предлози на фб настанот
Галерија од 5-тото јадење книги тука
Галерија од 4-тото
Галерија од 3-тото
Галерија од 2-рото
Галерија од „Јадење книги“ бр. 1