Шведскиот уметник Андерс Веберг снима експериментален филм под наслов „Амбиент", кој кога ќе биде готов ќе трае цели 720 часа или цели 30 денови. Тој е опишан како „еден вид мемоар" во кој „просторот и времето се преплетува во надреален сон".
Во 2014 е објавен првиот, 72-минутен трејлер колку на гледачите да им се даде увид во атмосферата и темпото на целиот филм. После новиов од седум часа и 20 минути, финалниот трејлер од 72 часа ќе биде објавен во 2018.
Режисерот планира да го прикаже финалниот производ на 31 декември 2020. Кога таа синхронизирана премиера во кино-сали низ светот конечно ќе се случи, следниот ден филмот ќе биде засекогаш уништен.
Нема да ве повикуваме да минете седум часа гледајќи го трејлеров, ама може да си го пуштите да тече дур правите нешто друго - како што вели и самиот наслов, фин е за амбиент.