Bookbox

Она кога експерти од областа на што и да е ќе ти кажат дека „тоа не е така“, дека треба да се аплицира на сто места и да се почне со работа само ако сумата е со пет цифри? Еден компјутерски инженер решил да истражува урбан звучен пејзаж само со - стар телефон поставен на раскрсница во Сан Франциско.

Животот на Курт Вонегат не бил лишен од иронија. Борејќи се во Втората светска војна, овој потомок на долга низа германски имигранти во САД се нашол заробен во Дрезден, токму кога градот бил уништуван од сојузничките бомбардирања. Бил заробен во кланица, мотив кој подоцна ќе се појави во неговото славно дело „Кланица 5“. И во останатите негови книги преовладуваат антивоени расположенија. Оттаму, чудно е да се замисли дека тој е автор на друштвена игра во која се води - војна.

„Ураган“ всушност бил древен бог кој правел р'шум

Јужноамериканските Маи верувале дека се во вселената, од природниот свет до секојдневните искуства, е дел од една единствена моќна духовна сила. Не биле политеисти (како старите Грци) кои обожувале одделни богови, туку пантеисти кои верувале дека тие богови се манифестација на таа сила. Еден од нив се викал Ураган.

Во германскиот официјално одобрена употребата на „идиотскиот апостроф“

Deppenapostroph е колоквијално име на интерпункциски знак кој не е карактеристичен за германскиот, туку долго време е користен како влијание на англискиот. Сега високо лингвистичко тело во Германија го одобри, откако сфати дека премногу се раширил за да може да се игнорира.

Букбокс друштвени игри: „Оханами“ – игра за медитативно искуство

Bода, зеленило, камчиња и црешови дрвја. Ова се составни делови на една зен градина, позната ширум светот како „јапонска“. Токму со нив играчите на „Оханами“ ја прават својата, натпреварувајќи се која од нив е поубава.

„Водич за градски крадци: светогледот на еден криминалец“

Не, претставувањево на книгава нема, или барем нема намерна врска со претстојните избори. Едноставно, по претставувањето на првата книга во серијава текстови, за тоа како да раководиш со нарко-картел, оваа ни изгледаше како логично продолжение.

Режисери кои малтретирале актерки заради добра сцена

Хичкок, Кјубрик, Ларс фон Трир...Овие генијални умови за да ги остварат своите режисерски визии често знаеле да си ги малтретираат соработниците. Особено актерките.

„Капетан Фантастик“ (2016)

Насловот асоцира на лик од стрипови на Марвел. Но Виго Мортенсен во овој филм игра еден поинаков супер-херој, кој се обидува своите деца да ги заштити од злата на истата таа цивлизација која хипнотизирајќи нè со Спајдермен и Бетмен заборава да нè научи како да уловиме зајак, ако се најдеме некаде каде нема ист таков - „супер“ - маркет.

„Наркономикс: како картелите функционираат како Волмарт и Мекдоналдс“

Започнуваме серија во десет продолженија во која ќе ви ги претставиме најиновативните, најинтересните и најзначајните книги од различни жанрови и области во годината која полека изминува. Започнуваме со една прилично практична тема - како, ако баш решите, да создадете нарко-картел.

Анти-стрес боенки за возрасни со пцовки

Во моментот кога почна да се случува манијата со боенки за возрасни, веројатно никој не можеше да претпостави во кој правец ќе отиде оваа анти-стрес занимација. А не да отиде, туку забега.

Kнига со приказни за големи деца од Ник Кејв, Том Вејтс и Бон Ајвер

„Приказни за начини и средства“ (Stories for Ways and Means) не е баш типична сликовница. Со оглед на тоа кој ја пишувал, тука има и чудни слики, и „мрсни“ зборови, и откачени приказни. Ама приходот од продажбата оди кај деца на кои им треба помош.

Доделена наградата „Лош секс 2016“

Eри де Лука, добитник на Европската награда за литература за 2013, фален како „писател на деценијата“ од Кориере дела Сера во 2009, сега доби уште едно престижно признание - годишната награда за најлоша секс сцена во книга.

Кафетин наспроти валеријана

Денот ни почна со песна на Џовани на Фејсбук, посветена на неговата глава. Не за да му контрираме, туку само да се надоврземе со друг тип на болки и можни иљачи, еве го оригиналот, и нашиот одговор.

Генерација „снегулка“

Младиве се за греота. Затворени по дома, водејќи виртуелни животи, тие не се соочени со реалниот свет, во кој треба да покажеш издржливост, храброст и одлучност. Мислејќи дека се посебни - каква што е наводно секоја снегулка - тие се ранливи, и лесно се топат. Не дека нема такви и возрасни.

Најљубовната епизода во „Црно огледало“

Има и позабавни. И со попознати глумци. И со интересни приказни. Ама во моментов не знаеме за друга серија која поставува антрополошки позначајни прашања од оваа. Третата сезона само го потврдува тоа.

Кога театарот бил место за кревање џева

Театарските претстави, како јавни настани, се податни за изразување политички ставови, или барем за привлекување внимание. Неодамнешните случувања околу мега-популарната претстава за создавањето на американската нација повлече дискусија за функцијата на театарот денес.

Необични тестаменти

„Никому ништо во наследство не оставам“, пишуваше Борхес во една од неговите мрачни песни додека беше жив. Но други го користат тестаментот за да испратат порака од оној свет, без оглед дали е тоа благодарност, горчина или каење.

Живописни изрази за мастурбација во различни јазици

Дркање, тикнање, ма’ање..тешко дека некој може да промаши за што станува збор кога ќе се употребат овие глаголски именки во македонскиот. Но во некои други јазици заради табуто на самозадоволувањето (или од чисто поетски причини), изразите се толку метафорични што човек може да мисли дека станува збор за нешто сосема друго.

40 години од „Последниот валцер“ - прошталниот концерт на Д Бенд

Додека Американците го слават Денот на благодарноста, една необична приказна за концерт кој се одржал токму на овој ден пред 40 години, на бенд кој се вика - Бенд.

Прирачник од 1902 за читање на карактерот преку обликот на главата, ушите и носот

„Целта на оваа книга е да ве запознае со сите елементи на човечката природа и да овозможи нивно читање кај сите мажи, жени и деца, во сите земји“.

Опера составена од актуелни вести

Навикнати сме класичната музика, особено операта, да се занимава со метафизички теми, метафорично прикажани низ ликови и теми од историјата. Но она што денес изгледа како банална актуелност, утре ќе биде историја. Полна метафизика. 

Иги Поп и Уелбек во нов документарец

Кога Уелбек како млад живеел во соба со само еден душек во неа, на ѕидот имал постер од Иги. Овој пак во суровиот но хуман песимизам (да, има и такво нешто) на Уелбек ги препознава и сопствените битки. Двајцата сега се протагонисти на нов филм, кој би требало да ги охрабри сите оние млади уметници кои имаат проблем со себе и со светот.

Што значи тоа да си „демисексуален“?

Сме чуле за хетеро-, би-, хомо-, а-, но што (по ѓаволите) би можело да биде тоа деми- или „полусексуален“?

Нова книга поезија на Џони Кеш

Никогаш не доби Нобел за нив, но Кеш освен снимените песни во тек на неговата петдецениска кариера напишал и куп стихови кои не доживеале (или не ни требало) да бидат придружени со музика. Сега се објавени во нова книга.

„Устав на Република Хрватска“ (2016)

На прв поглед само мала приказна за исти такви луѓе, кои се обидуваат да живеат едни покрај други, а само кога баш мораат и едни со други. Но кога со одјавната шпица низ салата ќе се распрскаат звуците на „Зборот кој нè навреди“ и гласот на Јосипа, сфаќате дека сте присуствувале на филм со храбра и универзална порака за љубов и почитување, толку мека, а толку проклето потребна.

Германскиот збор на годината (пак) не е германски

Лексикографскиот гигант Лангешајд го прогласи традиционалниот „Младински збор на годината“. Победникот - англиското fly.

Уметноста на дизајнирање алармантни звуци

Од звук кој треба да ве разбуди наутро, до оној кој треба доволно да ве уплаши за да станете од столче и да ја напуштите просторијата, аудио дизајнот подразбира вештина на комбинирање на нешто што интуитивно се доживува како тревожно, но и кое многу прецизно го означува степенот на итност, за да спречи непотребна паника. И сето тоа не е баш толку едноставно колку што изгледа.

Првиот портрет на Хитлер во Њујорк Тајмс од 1922

Кога на почетокот на годинава беа укинати авторските права на книгата на Хитлер, беше издадена ново, анотирано издание, кое веднаш стана бестселер. Сега тоа доби и значајна академска награда во Германија. Тајмингот, велат, не можел да биде подобар.