„Зборови засекогаш“ содржи 41 до сега необјавувани песни на Кеш, кои се одбрани од скоро двесте, колку што биле пронајдени по неговата смрт. Воведот е на Пол Мулдон, добитник на Пулицер за поезија, кој е истовремено и еден од уредниците на изданието, заедно со синот на Џони, Џон Картер Кеш. Хронолошки, тие датираат од 1944, кога Џони имал само 12 години („Нештата од кои се плашиме“), до 2003, само неколку недели пред неговата смрт („Засекогаш“).
Објавувањето на песните уште еднаш ги потврдуваат нештата во кои тој верувал, неговиот хумор, духовноста, болката, надежта, зависноста, слободата. „Кога ги читам овие песни како татко ми повторно да ми зборува“, изјавил Картер Кеш.
Во книгата се вклучени и репродукции на оригиналните ракописи од песните, кои понекогаш се напишани на авионски билети или се придружени со кроки-цртежи. Меѓу најголемите поетски инспирации на Кеш биле Вилијам Блејк и апостол Павле, особено неговото послание до Коринтјаните („Љубовта не завидува, не се фали, не се вообразува“).
Веќе е во тек и снимање на албум поврзан со книгата. Почитувачи и некогашни соработници на Кеш одбрале по една песна од неа и ја споиле со сопствена музика. Неговото излегување се очекува на почетокот од следната година. До тогаш римите на Кеш ќе ги читаме на хартија, како оваа, која звучи морничаво пророчка:
The lights are on past midnite
The curtains closed all day
There’s trouble on the mountain
The valley people say