Bookbox

Цело време мислевме дека станува збор за турцизам. Ама името да ти доаѓало од шкотскиот инженер Џон Лаудон Мекaдам, кој осмислил поевтин и потраен начин за изградба на патишта, поставувајќи ги темелите на технологијата што подоцна ќе доведе до современите асфалтни коловози.

Родниот град на легендарната четворка ќе добие нова, oгромна туристичка атракција посветена на бендот. Проектот ќе ги оживее клучните места од историјата на Битлси, од нивното детство во Ливерпул до концертите во Хамбург, Лондон и Њујорк.

Кога лондонските улични светилки служеле кафе, чај и „течно говедско“

Многу пред автоматите за кафе и „паметните“ градови, Лондон експериментирал со улични светилки што, покрај осветлувањето, нуделе топли пијалаци, цигари, разгледници, па дури и директна телеграфска врска со Скотланд Јард.

„Читајте!“ - би имала ли ефект ваква кампања кај нас?

Од Бил Козби и Опра Винфри до Даниел Редклиф и Стивен Хокинг – повеќе од 180 познати личности позирале со омилената книга во раце, во кампања на Американското здружение на библиотекари што трае веќе четврт век, а која порачува нешто едноставно: читајте.

Шпато: човекот што изработи дигитален каталог на неговите дела

Драга Ѓаконовски-Шпато (1931-1987), основоположник на македонската забавна и џез музика, има улица во Дебар маало. Но до скоро немаше едно место на кое можеа да се најдат неговите попознати и помалку познати дела. Еден ентузијаст „сас своите десет прсти“ го направи тоа за нас. 

Приказната за „Блек лист“ - список најпопуларни сè уште неснимени холивудски сценарија

Секоја година во САД се регистрираат повеќе од 50,000 сценарија. Но само мал број од нив навистина се снимаат, а уште помал број засекогаш ја менуваат филмската историја. Чисто статистички, помеѓу нив мора да има и нешто што вреди. Но како тоа нешто да се најде? Еден човек решил да не игра по правилата. 

Уметност во време на пандемија: фотографии премачкани со дезинфициенс

Веројатно нема побуквален начин фотографски да се забележи периодов низ којшто поминуваме, отколку самите фотографии да го содржат она што го ставаме на нашето тело. Средства за заштита од бактерии, вируси и од лоши мисли.

„Берлински кучиња“ (мини-серија, Нетфликс)

Можеби и не сте нешто по трилер-акции за местење фудбалски натпревари, нео-нацисти, гангста рапери, турски мафијаши и германски полицајци со сомнителен морален компас. Ама оваа серија која е за сето ова, и плус уште нешто, сепак го задржува вниманието.

Првата жена која се спасила од електрична столица

Вистинското име ѝ било Марија Барбела. Во 1895 била обвинета за убиство на љубовникот и осудена на смртна казна. Нејзината приказна била медиумска сензација.

Бизарното судење на бикови од почетокот на 20 век

Оваа приказна има врска со еугеника, производство на млеко и месо, и со „чесниот суд на говедската правда“. Иако звучи неверојатно, ова е чиста историска вистина.

Продавачот на мебел кој стана математички генијалец

Џејсон Пеџет е опседнат со математика. Дури и кога мие заби - ја става четката под чешма точно 16 пати. Има необичен талент, да црта прецизни повторливи геометриски шеми, познати како фрактали, рачно. Но тој не е роден со овој талент, туку го должи на еден (не)среќен случај.

Бункер: архитектура за крај на светот

Неговото име потекнува од стар шведски збор кое значи „штици кои се користат за заштита на бродски товар“. Ако го толкуваме како обезбедена архитектонска структура, често под земја, чија намена е заштита на луѓето или на скапоцени предмети во тек на криза, тогаш бункерот е најстариот тип објект направен од луѓе.

„Времето е како мушмула-скапува пред да созрее“

Насловот е цитат од дело на Ф.М. Корнфорд од 1908, кој опишува еден парадокс на академската работа - принципот на „несозреано време“.

Пандемијата на „синџир-писма“ среде пандемијата

Дали деновиве ви се случило да добиете мејл, или да ве спомнат во пост, во кој се бара да го напишете омилениот рецепт, да препорачате книги или да размените стихови поезија и истите да ги препратите понатаму? Методот е стар, но поентата е иста - споделување и социјализација. 

Кога Мориконе бил дел од авангардна група музичари

Се викала Gruppo di Improvvisazione Nuova Consonanza, или скратено „Ил групо“. Формирана во Рим во 1964, таа се смета за првиот колектив на експериментални композитори. Нејзин член бил и Енио Мориконе, кој почина денес, 6.7, на 91 година.

Кога Русите го објавувале Џек Лондон во милиони примероци (и нарекле езеро по него)

Во својот краток 40-годишен живот напишал 50 книги. Бил првиот американски писател кој заработил милион долари (денешни 25 милиони). Пишувал за златната треска, бил воен дописник од руско-јапонската војна и преку своите дела ги промовирал социјалистичките идеи. Последново му овозможило предност во освојување на нови читателски пазари, до кои неговите колеги немале пристап. На пример во - Советскиот сојуз.

Шаховскиот скандал со вкус на овошен јогурт

Во тек на меч помеѓу Виктор Корчној и Анатолиј Карпов од 1978 паднало необично обвинение - дека совети за следен потез на вториот му се пренесувале преку освежителни овошни јогурти.

На скулптурата на Малата сирена осамна графит „расистична риба“

107 години старата скулптура често е вандализирана од луѓе што протестираат за разни каузи. Сега дојде на ред таа да биде толкувана како расистична.

Влијателниот блогер кој си го згасна сајтот затоа што „Њујорк тајмс“ сакаше да му го објави името

Постапката е позната како „доксинг“ (за што пишувавме тука) - откривање на вистинскиот идентитет зад онлајн прекар и објавување друг вид приватни информации. Што не е незаконски сè додека доксирањето не се користи за уцена или за изнудување. Во случајов најавата (заканата?) за доксинг беше причина за затворање на блог, кој за многумина редовни читатели имаше култен статус.

Новообјавени фотографии од македонските Евреи-жртви на холокаустот

Збирка фотографии од Централниот архив за историја на еврејскиот народ ги документира животите на илјадници жители на Монастир (Битола), испратени во Треблинка во 1943.

Филм од 1947 кој ја предвидел нашата зависност од мобилни

Старите филмови во основа не претставуваат свет многу поразличен од нашиот. Освен еден детал - што во нив нема интернет и мобилни телефони. Ама еден француски филм снимен кратко време по Втората светска војна сепак прави и едно вакво предвидување.

Грчкиот лингвист кој се обиде да докаже дека грчкиот и македонскиот јазик се од ист корен

Книгата на Циулкас е издадена во 1907 и тогаш не предизвикала некое големо внимание. Но во 1991 е реиздадена, и тоа со предговор од долгогодишен пратеник и некогашен министер во грчката влада. 

Кратка историја на кваките

Еден од предметите за кои станавме посвесни во текот на пандемијата, заедно со прекинувачите за струја и гелендерите, се токму кваките. За жал тие ретко се предмет на естетски интерес.

Дали е време и рамките да ги третираме како уметничко дело?

Дури и нај-нај слика може да изгледа грдо ставена во несоодветна рамка. И не е само до убавината или грдоста, рамката знае да додаде значење и да претставува интегрален дел од целината. Па сепак, често нејзината улога се сведува на обичен „држач“ на сликата.

Постои ли посебно сетило за време?

Германски психолог од крајот на 19 век тврдел дека постојат генерални и специјални сетила. Во првите ги сместувал перцепцијата на просторот и времето, во вторите видот и слухот. Според него е наречен закон кој открива интересен аспект на нашиот внатрешен часовник.

„Месечина“ (2009)

Темата „изолација“ изгледа ќе биде актуелна уште некое време, како благослов, но истовремено и како клетва. Како начин за соочување со другиот во себе, а во случајов и со некои вон себе, многу слични на нас.

Жената која напиша лажен мемоар за холокаустот

Пред повеќе од 20 години излезе книгата „Мемоар на годините на холокаустот“ од извесна Миша Дефонсека. Преку ноќ постигна огромен успех и беше преведена на 18 јазици. За потоа да излезе дека, иако е претставена како автобиографска, таа е всушност измислена. На сајтовите за продажба на книги сè уште стои во категоријата „светска историја“.

Бетовен бил црн?

На Твитер деновиве циркулира статија од 2015 која ја промовира идејата дека славниот композитор имал африканско потекло. И ова не е прв пат да се потегнува муабетот, што е поинтересно отколку „вистината“ за расната припадност на Бетовен.

„Книшкиот ангел“ кој разнесува книги низ Лондон

Мили Џинет за време на пандемијата формирала Фејсбук група за размена на книги. Само два дена подоцна собрала околу 300 примероци од праговите на понудувачите низ јужен Лондон. И потоа самата ги доставила до заинтересираните.