Никола Муирхед (Nicola Muirhead) е фотографка кој кратко време пред воведување на карантин во Британија пристигнала од родната Бермуда во Лондон, кадешто живее. Таа и нејзиниот сопруг се самоизолирале, загрижени поради влошувањето на ситуацијата. Најпрвин Никола ги регистрирала овие тивки домашни моменти, колку да не мисли на она што се случува надвор во светот. Но подоцна почнала да прави полароиди врз кои додавала различни средства за дезинфекција, кои почнаа да го дефинираат нашиот живот.
Користени се хлор, средство за миење садови, течности и гелови за дезинфекција на раце. Нејзината цел била да ги визуелизира невидливите сили кои го одредуваат нашето однесување - од смртоносниот, микроскопски видлив коронавирус, до невидливото шубе.
При ретките прошетки ги сликала и најзначајните споменици на Лондон, онака морничаво осамени, а потоа овие споменици биле „измиени“ со вода и чист хлор. Тоа за неа било еден вид симболично прочистување на градот, кој бил место на голем број претходни човечки битки. И после оваа, според неа, повторно ќе цветаат сардели на нечии тераси. Прекриени со превезот на течноста за дезинфекција, како со утринска магла.
Повеќе на сајтот на авторката