Bookbox

За да покажат како може да се манипулира системот на цитираност на научни статии (од којшто произлегува и кај нас славниот „импакт фактор“), двајца млади научници решаваат од еден симпатичен мачор да направат нобеловец. Не им требало многу. 

Кога се појавиле, „летачките птици“ од железо предизвикувале восхит но и страв. Селанството ниту имало потреба, ниту горело од желба да ги користи. Но самото убедување дека овие модерни средства се во ред, значело победа за системот, кој на овој начин сметал дека ќе ги искорени примитивните ставови на селанството и ќе го поврзе со градските работници. 

Бузлуџа - бугарскиот споменик кој личи на НЛО и привлекува бројни авантуристи

На три часа од Софија, длабоко во срцето на Стара планина, се наоѓа необичниот објект познат како „Бугарското НЛО“ — споменикот Бузлуџа. Издигнувајќи се на истоимениот врв, тој е видлив од далеку и остава силен впечаток кај оние што првпат го здогледуваат.

Прадедото на Пушкин бил африкански принц и руски генерал

Во биографијата на големите историски личности речиси секогаш има еден спореден, кој е всушност многу поинтересен. Таков е примерот со Абрам Петрович Ганибал, кој по игра на случајот (или на судбината) во 18 век пристигнал на дворот на Петар Велики, станал негово „кумче“ и направил цела воена и интелектуална кариера во новата татковина. Но неговото наследство е и генетско - еден од неговите синови бил татко на мајката на Пушкин. 

Кога Алис Купер го спасил холивудскиот знак

Иако е еден од најпрепознатливите симболи на американската филмска индустрија, соништата, гламурот и често лажната илузија за успех, холивудскиот знак често бил занемаруван и на раб на пропаѓање. Но во 1970-тите еден познат рокер решил да помогне распадната конструкција да се очеличи, за навек. 

„Непристоен водич“: последна постхумна книга на Ентони Бордејн

На 20 април ќе излезе од печат книга која е замислена како практичен и забавен туристички водич, напишан од некој кој, до смртта во 2018, имаше пропатувано од Буенос Аирес до Борнео и секаде помеѓу.

„Многу се грижам“ (I Care a Lot, 2021)

Филм за безмилосна измамничка, чија цел се стари и изнемоштени. Тоа што станува збор за вешта и згодна жена на моменти го одвлекува вниманието од вистинскиот лош лик во филмот - општеството кое дозволува да се изродат таквите ко неа.

Мистериозните звуци на советски подморници коишто излегло дека се - гасови од харинги

Приказната е истовремено и смешна и неверојатно индикативна за начинот на кој функционира когнитивната дисонанца - и на лично, и на колективно ниво. 

Човекот кој пешачи низ цели земји во права линија

Вистинското име на Јутјуб ѕвездата ГеоВизард е Том Дејвис, и може да се каже дека има „линеарен“ стил на авантуризам.

Големата кражба на полио вакцини од 1959

Еден настан од пред повеќе од 60 години покажува колкав е ризикот од лошо организиран процес на вакцинација, кој овозможува секакви манипулации. Во случајов кражба на вакцини, која чинела голем број загубени животи. 

Уметниците ангажирани да создаваат оптички илузии во двете светски војни

„Во љубовта и во војната сè е дозволено“, вели една изрека. Иако тоа „сè“ може да се толкува и вака и така, обидите да се надмудри непријателот не спаѓаат во забранетите нешта.

Сте чуле за Алојз Хитлер?

Има цели книги за секретарката, лекарот или шоферот на Адолф Хитлер. Но многу малку се знае за неговото најтесно семејство и за татко му - Алојз.

Касни-порасни: советските крвави чоколади

Голем број деца од поранешниот СССР пораснале со слаткиот но и по малку металниот вкус на чоколадни плочки под име „Хематоген“. Без тие и нивните родители да знаат што има во нив.

„Номадленд“ - играниот филм кој личи на документарец

Филмот на Клое Жао кој доби Златен лав во Венеција во 2020, и кој е номиниран во четири категории за Златен глобус (сигурно и понатаму за некој од Оскарите), можеби е фиктивна приказна. Тоа сeпак не значи дека тој не е вистина.

Жената што пукаше во Бенито Мусолини

На 7 април 1926 Вајолет Гибсон се издвоила од толпа во Рим, и испукала куршум во еден од најозлогласените диктатори на 20 век.

Зошто Балашевиќ (ни) беше важен?

Стево Ченеец го удира гром, нежно, ко рака. Стариот Несторов, госпо’н Чедо и уште еден, садат липа чија сенка нема да ја дочекаат. Убавата ќерка на попот се капе во реката вознемирувајќи ги барските птици. Васа Ладачки не е со онаа која ја сака. Во авлијата, под густата крошна играат други деца. А некој од горе гледа сè.

Како да спиеш како Салвадор Дали?

За хиперактивните и креативни умови секој момент поминат во неправење ништо е загубено време. Некои од нив развиле навика да не спијат многу. Накај ич.

Уште една жртва на „разбудените“ - новинарот со 45-годишна кариера во Њујорк Тајмс

Турбулентото заминување на Доналд МекНил oд „Тајмс“ е застрашувачки сигнал за начинот на кој се вршат чистки во редовите на интелектуалците, новинарите, комичарите, актерите. Во случајов поради еден единствен збор, искажан индиректно, во прашање. Па ова бре го немало ни во времиња кои наводно биле полоши.

„Распишани ресенчани“ од Отец Пимен

Ако насловот на оваа книга ви асоцира на „Распеани ресенчани“ тоа не е случајно. Затоа што во неа паралелно и се пее, и се раскажува.

Александар Русјаков: Есенин без ритам во стиховите

Избор песни објавeни на Фејсбук профилот на Русјаков, среде снежна зима. За да стоплат, како варено вино.

Како да се популаризираат класичните јазици и знаењето за антиката?

Учењето латински и старогрчки младите главно не го доживуваат како нешто толку „кул“ колку да се зборува јутјуберски англиски. Но ова може да се промени ако се има вистинскиот пристап, а зголемувањето на бројот на интернет содржини на македонски од оваа област е еден од начините.

„Јави му се на мојот агент“ (Call My Agent)

Одлично направена француска серија за задкулисниот свет на филмот, кој не е ни од далеку толку гламурозен како што изгледа. И актерите и нивните агенти се сепак само - луѓе.

Вистинската приказна за „г-дин Извинување“

Се викал Алан Бриџ и водел „жешка“ телефонска линија за луѓе кои сакаат да се извинат за своите престапи, грешки и гревови. Нов подкаст во шест продолженија ја раскажува приказната.

Зелено, не те сакам зелено: бојата што го убила Наполеон?

Кога бил откриен радиумот, неговата интензивна зелена боја била инспирација за тоj да биде додаван во козметички продукти и да се користи при изработката на накит. Дури подоцна се дознало за неговите штетни ефекти, кои очигледно биле занемарувани на сметка на визуелниот впечаток. За жал, тоа не е единствениот пигмент кој најпрвин делувал корисно, а излегло дека е смртоносен.

Дали осуден за поседување детска порнографија смее да објавува поезија?

„Секој од нас е повеќе од најлошото нешто што го сторил“, е изрека со која се поддржуваат напорите за рехабилитација на осудени и за најтешки дела. Но кои се границите на ова великодушно пренебрегнување на криминалното минато на затвореникот, а поради напорот тој сепак да биде третиран како човек?

Вродениот инстинкт да реагираме на црвената боја

Во различни култури црвената е поврзана со страст, секс и романтика. Дали ваквата асоцијација е резултат на еволутивно наследство или е нешто што е научено?

Љубовниците од Теруел: шпанските Ромео и Јулија

Наводно вистинска приказна која се случила во 1217 во Арагон потсетува на шекспировата романса.

Што се случува кога научниците стануваат алергични на своето истражување?

Долгорочната изложеност на предметот на нивниот интерес често резултира со тоа што научниците стануваат алергични - на пример на змии, глувци и инсекти.